Ле Монд дипломатик – Париз
Египетските копти, најголемото христијанско малцинство на Блискиот исток, имаат долга историја и играле важна улога во создавањето на модерен Египет. Сепак, тешката рака на државата и востанијата во исламот создадоа проблеми кои рефлектираат поширока криза која влијае врз целото египетско општество.
Претседателот Хосни Мубарак ја имаше неговата прва средба со американскиот претседател Џорџ В. Буш во Вашингтон на 2 април. Ова беше вообичаен доба во годината за претседателска посета на САД, и време кога различни групи иселеници (експатриати) копти почнаа со гласните обвинувања за прогонување на христијанското малцинство во Египет. На 22 март коптите „маршираа за правда во Вашингтон, во име на прогонуваните копти во Египет“, објавија од Пенкало против Меч. Годинава имаше многу причини зошто да се маршира. На 4 февруари судот пресуди дека ниту еден од 96-мината обвинети за убиства за време на најгрозоморните секатшки судири во поновата историја на земјата, кога најмалку 20 христијани и еден муслиман беа убиени во малиот северен град ал-Лошех на почетокот на годинава. Главниот обвинител најави дека ќе се жали против пресудата, најверојатно заради гневот на коптите.
На 24 февруари додека сета таа судска гужва се уште оддекнуваше, коптската заедница уште еднаш се разгневи затоа што властите урнаа црква во предградие на Каиро затоа што тамошниот свештеник не успеал да поднесе жалба против толку критикуваниот закон со кој се бара одобрување од претседателот на државата за градење цркви.
Како капак на се, на 22 март американско полувладино тело американската Комисија за меѓународни религиозни слободи, пристигна во Каиро да ги испита религизоните дискриминации кој предизвика осуда од сите страни: какво право има САд да се меша во внатрешните работи на Египет? Дали во самата Америка нема доволно проблеми за да таа има работа? Не беше од помпош тоа што комисијата ја предводеше поранешниот помошник државен секретар Елиот Абрамс, кој пишуваше со силна поддршка за Ариел Шарон.
Сето ова предизвика интервенција на коптскиот патријарх, Папата Шенуда Трети, исклучително интелигентен човек кој научи уште на почетокот на неговата работа, кога претседателот Садат го осуди на четири години притвор во неговиот манастир, како да игра во политички ракавици. Ченуда (задено со главнниот египетски муслимански свештеник, Шеикот Тантави од ал-Азхар) беше еден од малумината кои се согласи да се сретне со комисијата. Во отворено писмо до медиумите тој исто побара од коптските експатриоти во САД да се воздржат од „злонамерно советуваните дејствија“ кои можат да и наштета на посетата на претседателот. Тој ги потсети коптите дека пресудата за ал-Кошех била судска и била обжалена во највисокиот суд во земјата: „Ние не можеме да бараме од државата повеќе од тоа“. Тој исто зборуваше за демолирањето на црквата во Шубра ал-Кеима, една од најсиромашните области во околината на Каиро. „Не негирам дека не постојат проблеми“, заклучи тој, но „тие ќе бидат разгледани и решени штом претседателот дознае за нив“.
„Коптското прашање“ е чувствително заради својата меѓународна гранка. Постојат големи емигрантски заедници, посебно во САД, Канада, Европа и во Австралија. Иако повеќето од нив спороведуваат активности во рамките на црковните заедници, тие често и јавно протестираат. На 10 април, група во Сиднеј, Австралија, протесираше со 2000 копти да маршираат со 20 црни ковчези со фотографии од мачеици од Кошех под слоганот „Стоп за тивкиот геноцид“. Покрај тоа, постои и мала но силна група на екстремисти во САД кои промовираат антимуслимански групи, како што е Пенкало против Меч на Мајлк Мение, и Шаки Карас, кои имаат врски со ционистите.
Тие луѓе се срам за коптите во Египет, посебно во време кога земјата е во шок заради третманот на Израелците на Палестицните по интифадата, што предизвика Египет да го повлече својото амбасадор од Тел Авив. И додека се уште постои проблемот со исламскиот екстремизам. По се, коптите во Египет знаат дека треба да платат дел од цената во борбата против исламистите.
Претседателот Мубарак по се изгледа не направи никакви отстапки кон коптите кога ги здроби вооружените исламисти и ги презема сите можни мерки да спречи било каков нивен отпор,, како и и да ги држи ненасилните но политички динамичните Мислиманско братство под контрола преку репресивни мерки као што се апсења и судења пред воените судови. Реформите за коптите се дел од комплексната игра помеѓу исламистите и владата, но исто и меѓу Израел, САД и Египет, кој мора да си ги брани своите меѓународни позиции додека зависи од помошта од САД.
Изјавата на Папата Шенуда дека „нема да го посети Ерусалем се додека градот е под израелска окупација“ прозвучи силно меѓу коптската заедница во Египет. За коптите, тие пред се се Еѓипќани: всупност, тие се оригиналните египќани, потомци на фараоните. Тие се исто така најголемата христијанска заедница на Блискиот исток чие потекло датира од 42 година н.е. кога се верува дека Свети Марко ја основал првата црква во Александрија. Се до одвојувањата на арапите во 640 г.н.е. сите Египќани биле познати како „копти“ збор кој доаѓа од грчкиот термин за Египет, Аегиптос. Тие припаѓаат на малцинскиот дел од населението кои одличиле да не конвертираат во ислам и претставуваат скоро 10 проценти од сегашното население кое брои 64 милиони. Повеќето од нив се членови на коптската православна црква.
Оваа историја е важна затоа што коптите претставуваат важен дел од појавата на национализам и создавањето на модерна држава. Коптите се вклучиле во револуцијата од 1919 година, кога партијата Вафд го обединила населението против пританската окупација, и тие дале двајца премиери пред Втората светска војна. Тоа било „златно доба “ за коптите. Насер и неговите слободни офицери дојда на власт во јули 1952 година. „Нивниот слоган за египетизацијата (наменет за бројни туѓински малцинства, италијанци, грци, и тн.) ги натера кптите да се надеваат дека нивното враќање можеби доаѓа“, вели Милад хана, водечка секуларна личност во коптската заедница. Политиките за национализација на Насер влијаеја врз коптите повеќе отколку врз муслиманите. Покрај ова, религијата беше воведена како изборен предмет во училиштата и, што е уште поважно, коптите не беа вклучени во режимот. Но луѓето сеуште живееја заедно, сите заедно, со одеа на свадби, погрени, на слави и прослави. Коптите ја занемаруваа дискриминацијата и во таа смисла тие беа, и сеуште се, слични како малцинствата било каде на друго место.
Но во правта и сонцето на Египет, „малцинство“ не е збор кој се користи, и го отфрлаат и коптската и муслиманската заедница. Социологот Саадедин Ибрахим го открил ова на своја кожа кога ја организирал конференцијата за малцинствата во 1994 (сега нему му судат заради бројни обвинувања поврзани со активности за човекови права). Во Египет, зборот „малцинство“ се смета дека има етничка или секташка конотација – како што се мисли тој го брише длабокиот идентитет на коптите во Египет.
Спецификата на коптите лежи во нивниот идентитет, за кој постои ризик да биде избришан од меѓународните димензии предизвикани од мигрантските бранови по Насер. Но токму неговиот наследник Садат беше пној кој ја разниша постоечката компактност дефинирајќи го Египет како исламска држава. Тоа беше зелено светло за радикалните исламистички групи – и предизвиканиот секташки судир на југот (во Горен Египет) – но и за процветување на конзервативниот ислам. Кога муслиманите почнаа да протесираат околу џамиите, и коптите пртесираат за одбрана на црквите. За муслиманските и христијанските деца и тинејџери, одвоени клубови за дружење и спортски центри кои ги организираа џамиите и црквите ги заменија училиштата како места за дружења. Исто како и исламистите, и христијаните станаа активни во образованието, здравството и професионалните обуки. Тие исти го истакнуваа религиозниот идентитет: како што се раширија покривките за глава кај жените и брадите кај мажите муслимани, мали сини крстови беа дискретно тетовирани на рацете или зглобовите и се повеќе се даваа христијански имиња.
Нема знаци за било какви разлики и кај муслиманите и кај христијаните во релогиозните елементи. Црквите се преполни, жените се на десната страна, со не помалку маѓи на другата страна, некои од нив некои со полуподигнати раце, раширени дланки и задлабочени во молитвите. Црквите често имаат купола над олтарот обоена во интензивна светло сина боја и нацртана голема глава и раширени раце на Исус. Пеењето и молитвите на коптски јазик се мешаат, заедно со густиот зашеметувачки облак од чад од темјан. За Велигденскиот пост, коптите постат до три попладне, и не јадата месо, риба или млечни продукти.
Тие масовно одат во црквите, и богати и сиромашни. Но верниците масовно одат во црквата Св.Марко, поранешна катедрала, во Каиро да го видат и слушнат Отец Саман во четвртоците навечер во неговата огромна базилика вдлабена во камен во брдото Мокатам. Тие атуваат со автобуси – големи, мали, стари и нови – надвор од градот, преку зачадените со отровен чад сиромашни предградија на зебелините (христијаните кои го собираат сиот отпад во Каиро и помеѓу купиштата вреќи со ѓубре бараат и вадат било што е вредно од отпадот со што создаваат работа за тапацирите, кожарите, кројачите, фризерите, и така заработуваат доволно за вечерно одење на бербер или да испушат наргиле).
-Залекување на верата е дел од нашата традиција, вели Мери Асад, психолог и поранешен заменик-генерален секретар во Светскиот совет на цркви во Женева. „Така е и со харизматичните свештеници; Папата ги затвора очите на литургиите на Отец Саман, кој пак ја поистоветува неговата работа со забелините“.
Потрага по Бога
Од минатиот август до јануари, во горноегипетскиот град Асуит, црквата Св. Марко имаше своја испостава. „Мајката Божја Марија се појави една вечер со чудна, силна светлина над црквата, придружена со гулаби кои летаа“, објаснува Отец Зака. Ги чуваме медицинските наоди со кои се документираат мистеризоните излекувања кои ги пријавиле некои од оние кои ја виделе оваа појава. Дојдоа толку многу луѓе од целиот свет што моравме да правиме посебен сообраќаен ред по патиштата за да ги одвоиме мажите и жените“.
Пречесниот Гиргис од протестантската Прва Евангелистичка црква, која се наоѓа од другата страна на патот, не верува во религиозно лекување. „И не сакам да коментирам за оваа појава“, додаде тој. Неговата црква води бесплатна клиника за 35,000 пациенти, во која доброволно работата лекари. Евагелското движење, кое го основале странски мисионери и се заснова на добротворна работа, веќе го зацврсти своето присуство и како и остатокот од црквата, постои уште од 70-ите години од минатиот век. „Сето тоа е дел од потрагата по Бога на египќаните“, вели Рафик Хабиб, автор на две книги за политичкото христијанство.
– Тоа е директна паралела на исламистичкото движење. Најзагрижувачки проблем во Египет се предрасудите на двете страни, кои се продлабочија во изминатите 25 години и се уште растат, продолжува тој. „Но коптите се оние кои тоа го чувствуваат, бидејќи тие се малцинство, а владата е неспособна да се справи со тоа“. Тоа е најочигледно во најголемиот горноегипетски град Асиут (каде живее 1,75 милионско христијанско малцинство). Асуит се граничи со Сохаг каде се случија ннемилите настани од ал-Кошех. На 14 август 1998 година двајца копти беа убиени во овој мал племенски град со 25,000 жители, на брегот на Нил. Во обид да ја ограничат христијанската вера (а со тоа и да спречат секташки немири) полицијата опкружи повеќе илјади копти и ги тепаше и мачеше за да ги заштити другите вери. Сето тоа несомнено водеше кон подлабоки проблеми. На 31 декември 1999, избувнаа немири откако христијанин чувар на продавница навредил муслиманка од плетео Хавара.
Незадоволителната пресуда од февруари во врска со вториот настан предизвика екстремни тензии во соседниот Асуит. Обезбедувањето веќе беше подигнато на повисок степен: стравот од повторување на деновите од минатото на исламска милитантност беше очигледен. „За коптите, прблемот се распали затоа што не постоеше начин како тие да го искажат незадоволството“, објасни Хала која е копт. „Тука сме мнозинство, но истовремено сме дел од севкупното малцинство во земјата. Уште од насилствата во 80-ите, христијаните почнаа да си заминуваат, одеа во Каиро или Александрија, или си заминуваа од земјата“. Потоа со шепот додаде: „Тие тајно им ги продаваа земјиштата на муслимани – тоа е многу опасна тема“.
Таа продолжува: „Во ал-Кошех, 85 проценти се христијани, тие поседуваат се, дури и улиците имаат христијански имиња; муслиманите само работат на полиња, тоа е проблемот. Сохаг е посебен проблем затоа што е толку племенски. Но во целина, односите се поопуштени во селата каде има подобра демографска избалансираност, подобра економска балансираност – а помалку образование. Муслиманското образование учи на предрасуди и омраза“. (Сепак, јасно е дека од разговорото со повеќе христијански свештеници, дека муслиманите немаат монопол врз предрасудите).
-Во Горен Египет, коптите се во сендвич меѓу две екстремистички сили: исламистите, кои ги уценуваат, и државната безбедност, рече Саадаедин Ибрахим. „Тие си имаат работа со одделот за безбедност кое е дел од министерството за внатрешни работи, наместо со, да рееме, одделот за религиозни прашања. Тоа е форма на колективна параноја во која секој повик за реформи се смета за неминовна опасност за државата“.
Колкава е потребата за реформи тука? Според повеќе проценки, бројот на коптите се приближува до 10 проценти од вкупното население, учествуваат со 20 проценти во економијата на земјата, но само 1,5 проценти се вклучени во државната администрација. Тоа е главната причина за поплаки: коптите се исклучени од повисоките ешалони во армијата, полицијата, разузнавањето, судството, општинската самоуправа. Во Асиут, кпт наставник по математика заработува 200 египетски фунти месечно (или 56 долари); службеник во безбедносните сили, кој не е нималку подобро квалификуван, заработува 850 фунти ег.месечно. Понекогаш тоа е некој вид невидлива бариера, на пример во некои универзитетски оддели. Иако е можно да се бара правдата преку судовите, тешко дека ќе се добие задоволителна пресуда.
Сепак, нештата бавно се менуваат. На Божиќ и Велигден, мисите на коптите сега директно се пренесуваат на телевизијата. Скоро 900 хектари коптска територија одземена од исламистичките вакуфи, и беа вратени на коптската црква. Исчезнатата 600 години предисламска коптска историја беше вратена во образовните програми на децата во основното образование (од 6-12 години) и во нижото средно образование (од 12 до 15 години). Јусеф Сидхом, урендик на коптскиот неделник Ватани и член на Врховниот коптски совет, смета дека сеуште не е дојден моментот да се вметне копската историја и во повисокото средно образование (од 15-18 години). „Тоа би биле дополнителни проблеми за министерот за образование од исламистите“, вели тој.
Постојат и две други прашања за кои тој смета дека се уште се чувствителни да се поведе кампања: бришење на религиозната припадност од личните карти, и стопирање на насилното конвертирање на девојчиња под 18-годипна возраст во ислам (ова мора да се спроведе ако девојката се реши да биде со момче муслиман). Иако оваа загриженост е високо на агендата на експатриатите, тј слушнал само за два или три вакви случаи во изминатите шест години. Како што забележа друг аналитичар, во обратна ситуација, девојка муслиман би била принудена да изврши злосторство или самоубиство.
„Време на цвеќиња“
Постои една значајна промена: табуто за дискутирање за „коптското прашање“ заврши. Тоа олеснува во поведување на нови кампањи за идни реформи. Оваа промена се случи во февруари 1999 година, преку историското издание на неделникот Каиро трајмс, кое излегува на аглиски јазик, и за првпат воопшто беа истражувани случаите со мешаните бракови – што сеуште е табу дури и за најсовремените и секуларни копти. Во „Времето на Цветање на росите“, девојка христијанка се вљубува и мажи за млад муслиман дипломат. Нивната ќерка Амал потоа се мажи за муслиман и машкото бебе на таа двојка е киднапирано. Двете семејства се обединети во оваа вознемирувачка драма.
Религиозните конзервативци од двете страни збеснале. Но, папата се сртенал со семејствата и побарал од нив дали на крајот Роза ќе се покае, пишува авторот на серијата, Валид Хамид, кој и самиот е муслиман.
-Да, му било ветено. „Тогаш се е во ред“, им одговорил папата. Повеќто луѓе со насмевка се согласуваат дека е сето тоа навистина во ред. Но Ихаб Гаурд, 25-годишен копт од селото Абу Тик во Горен Египет вели дека иако му се допаднала серијата, „дека приказната сепак е претерана“. „Луѓето тука не влегуваат во мешани бракови. И како сега треба да замислам како жена христијанка ја учи својата ќерка за исламот? Тие требало да смислат како хирстијани и муслимани прават нормални нешта заедно“. Хамид вели дека министерот за информации дал согласност за серијата и не се мешал во нити еден момент; сега некои копти побарале од него да дозволи снимање на продолжение на серијата.
Останува длабоко чувствителниот проблем на рушење на црквата во сиромашното предградие Шубра ал-Кеима на Каиро, каде 350,000 христијани живеат меѓу четири милиони муслимани. Додека на муслиманите не им е потребна дозвола за да отворат џамија, претседателто сеуште треба да дозволи изградба на нова црква, иако тој сега го префрлил одобрувањето на дозволи за поправка и реновирање на цркви на пониските владини нивоа. Бискупот Марокс, кој има 28 цркви во неговата надлежност во предградијата, ги објаснува овие проблеми: „Пред повеќе од една година започнав градење на црква за социјални потреби (породилно, клиника, сала за настани)“. Тој признава дека изградбата не била легална, но „не можев да барам дозвола затоа што ако муслиманите дознаат што правиме, тие веднаш ќе најдат стан во близина и ќе почнат да го користат за молитво без било каква дозвола. Тие ќе го сторат тоа за да не сопрат, бидејќи кога ќе се направи џамија во близина, ние нема да добиеме дозвола за изградба на црква. Покрај тоа, за да се добие дозвола за нова црква, ви треба сертификат за земјиштето, а такво нешто тука скоро и да нема“.
-На 19 февруари кога црквата конечно беше завршена, поднесова барање за дозвола по редовен пат. Пет дена подоцна полицијата и општинската власт дојдоа и ја урнаа. Се пожалив кај гувернерот, потоа преку Папата поднесов жалба и до претседателот Мубарак, кој нареди црквата повторно да биде изградена, на сметка на гувернерот. Да, тоа беше победа, но требаше ли да ја добиеме без сиот тој притисок? Ако претседателот добие точни информации, тој ќе преземе дејствија. Но кој е сигурен дека тој ќе ги добие?“
Влеговме на вечерната служба а верниците се собираа по дискретниот повик со само еден ѕвон на црковното ѕвоно. На заминување, во воздухот се ечеше од пеењето на муезинот во близина.
Што гледаат коптите како најдобар начин да се оди напред? Мунир Факри Абденур, богат бизнисмен и еден од тројцата копти кои биле избрани во парламентот минатата година, смета дека „коптите треба да бидат вклучени во полиичкиот и социјалниот живот во земјата. И да се бранат египетскиот национализам пред коптските прашања“. Ако коптите се исклучени од политичкиот живот, тоа не затоа што владеачката Национална демократска партија ги надминуваат како канидиати. Коптите се вољни да влезат во политиката. Голем процент од нив се образувани, успешни, влијателни; тие исто имаат лесен пристап до визи за странство и често стапуваат на работа во професии кои им се отвараат во било која држава. Иако има двајца коптски министри, тие никогаш не стигнале до највисоки позиции (поранешниот генерален секретар на ОН, Бутрос Бутрос Гали никогаш не доби позиција повисоак од министер на дипломатијата иако тој беше најквалификуваниот за премиерската позиција).
Повеќето копти во Египет сакаат дијалог, а не конфронтации. Некои секуларни копти,како Јусеф Сидхом, сакаат “да се намали улогата на папата“; тој го цитира претхоодниот архиепископ, Кирил Шести, „свет човек кој никогаш не се впуштил во проблемите меѓу коптите и државата“. Сепак, харизматичниот Шенуда Трети е на многу начини главен. Овој силно почитуван „Папа на арапите“ ја води црквата исто како што Мубарак ја води државата, и одржува ефикасни, иако и не баш дејствителни канали помеѓу црковната хиерархија и владата. Истовремено, тој му дозволува на смирениот бискуп Виса, народниот хеорј на Горен Египет, да си ги кажува своите мислења во медиумите.
Еден порадикален елемент кој е поврзан со Виса е адвокатот Мамдух Накла, кој води кампањи во ексклузивна корист на прашањата за коптите преку Светскиот центар за човекови права. Тој како и повеќемина од групите кои емигрирале, повкува на претставување на коптите во секоја сфера, вклучувајќи ја и политиката, на основа на нивната процентуална бројност во општеството. Ова за повеќето копти е анатема кои живеат во Египет, кои се солгасуваат со Сидхом дека „тоа ќе создаде непријателства помеѓу коптите и муслиманите и ќе го претвори Египет во уште еден Либан“.
Тивкиот дијалог меѓу умерените копти во Египет всушност функцопнира. Но кога бискупот Виса зборува за неправдите во Горен Египет, меѓународната коптска заедница внимателно слуша. И како што лично признаваа се повеќе копти во Египет, заради силните врски со САД, и владата внимателно слуша.
Дали владата има политика во однос на коптите? Мустафа ел-Феки, потпртетседател на парламентарниот комитет за меѓународни односи и поранешен советник на претседателот, е еден од малкумината високи државни претставници кој е подготвен да зборува за коптското прашање. Тој исправно истакнува на позитивните промени. Но тој исто така смета за потребно да објасни дека заради справувањето со садатовата исламистичко наследство владата не може да се справи со коптите, освен како со безбедносно прашање поврзано со нивната политика за справување со исламистите. резултатот од таквиот пристап најсилно се чувствува во Горен Египет. Но на сцена во естаблиштментот доаѓаат помлади елементи кои ја разбираат потребата на Египет да се отвори економски, политички и културно, да ја намали сиромаштијата, да се прави со игноранцијата и предрасудите преку подобро образование. За да се постигне тоа, не е потребно решавање само на коптското прашање, туку е тоа воопшто египетско прашање.