Карпош Соколи кај Игокеа, а МЗТ Скопје на гости кај Партизан во дуели од АБА лигата

Од:

Македонските претставници во регионалната кошаракарска АБА лига денеска  ќе ги играат натпреварите од 15.коло и тоа на гостински терен.

Екипата на Карпош Соколи од 17 часот ќе го игра натпреварот против Игокеа, додека два часа подоцна (19) во Белград кај Партизан гостува МЗТ Скопје Аеродром.

Во останатите пет натпревари од оваа рунда, кои ќе се играат во наредните три дена ќе се сретнат: Мега Лекс – ФМП, Цедевита – Црвена Звезда (недела), Задар – Будуќност (понеделник), Крка – Олимпија и Морнар – Цибона (вторник).

Табела: Црвена Звезда 14-0 (победи-порази), Партизан 11-3, Цедевита 10-4, Цибона 10-4, Будуќност 10-4, Игокеа 7-7, Олимпија 6-8, Задар 5-9, Крка 5-9, Морнар 4-10, Мега Лекс 4-10, ФМП 4-10, Карпош Соколи 4-10 и МЗТ Скопје 4-10.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос