НДМ: За кој црн понеделник-24 декември зборува СДСМ?!

Од:

Народно движење за Македонија изразува зачуденост од двосмисленоста на СДСМ за настаните од пред четири години од „црниот понеделник“ – 24 декември кога новинари и пратеници на СДСМ тогаш насилно беа исфрелни од собраниската сала.

За НДМ е несфатливо како може СДСМ од една страна со право да го осудува „црниот понеделник“ кога е нанесен голем удар врз демократијата, а од друга страна се здружија со оние кои учествуваа во газењето на новинари и пратеници во Собранието.

НДМ жали што колегите од СДСМ манифестираат селективна сенилност и оттука сакаме да им ја освежиме меморијата дека сега гордо седат со Лилјана Поповска и нејзината партија ДОМ и промовираат демократски вредности, а токму Поповска е тогашен соучесник во бруталноста спрема пратениците и новинарите, а дури на отворена сцена се мајтапеше кога во изјава за медиумите рече: „немаше насилство, никој никого не тепаше, јас не видов„ иако Поповска беше во собраниската сала.

Ја користиме приликата да ја прашаме тогашната пратеничка на СДСМ Маринела Тушева како се чуствува денеска кога ја гледа Поповска во дружба со нејзините од СДСМ во услови кога на „црниот понеделник„ Поповска насилно и го одземаше мобилникот телефон за да јавноста не ги види грозните слики од Собранието кога беа газени новинари и пратеници од полициски кордони.

Како и да е, ова е уште една потврда за повеќегодишното залагање на НДМ за законска забрана на предизборното коалицирање, со што ќе престанат манипулациите со јавноста од т.н партии – шетачи налик на ДОМ водени исклучиво од лични интереси.

Би можело да ве интересира

„Единствена Македонија“: Скандалозно е што Заев избрал фукницонери кои си играат и учат како се води држава

Ана Ололовска

ВИДЕО: Бачев поднесе иницијатива со која бара Македонија да не влезе во НАТО

Ана Ололовска

„Единствена Македонија“ официјално ќе побара од Собранието повлекување од НАТО

Ана Ололовска

НДМ стана „Единствена Македонија“: Сојуз со Русија и членство во Еворазиската унија

Наум Локоски

НДМ: Нимиц ја крши резолуцијата 817, Македонија да го префрли спорот за името на правниот терен

Ана Ололовска

НДМ: Столтенберг да им пренесе на НАТО и ЕУ – Жива е Македонија, жив е македонскиот народ!

Ана Ололовска