Пратениците ќе расправаат за буџетот за 2013 година

Од:

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 47-та седница на чиј дневен ред е Предлог-законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2013 година и измените и дополнувањата на Законот за буџетите, по скратена постапка.

На оваа седница пратениците ќе расправаат и за Предлог-законот за задолжување на Република Македонија кај Меѓународната банка за обнова и развој- Светската банка по Договорот за заем за Прв програмски заем за развојни политики за конкурентност, измените и дополнувањата на Законот за издавање вредносни бонови – ваучери, на Законот за јавните патишта, на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, на Законот за персоналниот данок на доход, на Законот за користење и располагање со стварите на државните органи, на Законот за трговските друштва, на Законот за данокот на додадена вредност и измените на Законот за железничкиот систем.

На дневен ред на оваа седница се и предлог-законите за дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, на Законот за платниот промет, измените и дополнувањата на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај, на Законот за превоз во патниот сообраќај, на Законот за агенциите за привремени вработувања, на Законот за работните односи, на Законот за социјалната заштита, на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, на Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, како и на Законот за внатрешната пловидба на Законот за воздухопловство.

Пратениците ќе ги разгледаат и измените и дополнувањата на Законот за азил и привремена заштита, на Законот за личната карта, како и Предлог-законот за приватно обезбедување.

Исто така, на дневен ред на седницата се и измените и дополнувањата на Кривичниот законик, на Изборниот законик, на Законот за Академијата за судии и јавни обвинители, на Законот за матичната евиденција, на Законот за постапување по претставки и предлози, Предлог на закон за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија, Предлог на закон за автокампови.

Пратениците ќе ја разгледаат и Предлог-одлуката за објавување јавен конкурс за избор на член на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, Предлогот на закон за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата со општествена и државна сопственост, предлози за именување на неизвршни членови на Советот на Народната банка на Република Македонија, како и ратификации на спогодби и договори помеѓу Владата на Република Македонија и влади на други држави.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Николовски: Во Буџетот има помалку пари за земјоделците за 15% и 10 пати помалку пари за рурален развој

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Лефков: Во Буџетот за 2025 година 25 проценти повеќе пари за здравството од оваа година

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година