МЗТ Скопје без Кларк во следните три седмици

Од:

Новиот тренер на МЗТ Скопје Аеродром, Анте Назор и понатаму не може да ги надмине проблемите, откако денешниот лекарски извештај ги потврди лошите прогнози околу повредата на Британецот Даниел Кларк, кој ќе биде надвор од терените најмалку во следните дваесетина дена.

– Крилниот центар доби удар во листот на левата нога во финишот од неодамнешниот натпревар против Гран Канарија, поради што не настапи на саботниот меч на домашен терен против Црвена звезда. По лекарските контроли се потврди дека станува збор за незгодна повреда. Неговото враќање во тимот од „Јане Сандански“ се очекува дури на средбата против Задар, која ќе ја одиграме на домашен терен кон средината на следниот месец, што значи дека сигурно ќе ги пропушти дуелите со Партизан, Цедевита и Цибона, соопштија од МЗТ.

Ова ќе биде нов голем удар за хрватскиот стратег, кој досега немаше шанса да предводи комплетен тим по доаѓањето во таборот на МЗТ Скопје Аеродром. Изминатиов период надвор од тренажен процес беа Стефан Синовец и Стојан Ѓуроски додека на располагање не беше и Американецот Ксавиер Темс, кој поради семејна трагедија мораше да се врати во САД на извесен период. Неговото враќање меѓу „сино-белите“ се очекува кон крајот на годинава.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос