Управниот суд ја заврши расправата по две тужби поднесени од СДСМ

Од:

Управниот суд вечерва ја заврши расправата по две тужби поднесени од Коалицијата предводена од СДСМ за решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) за приговорите за предвремените парламентарни избори на 11 декември.

Денеска на две одделни седници беа разгледувани поднесената тужба од Коалицијата предводена од СДСМ за УРП.бр.513/2016 за поништување на Решението на ДИК, УП1.бр.10-493 од 17.12.2016 година, како и поднесената тужба од Коалицијата предводена од СДСМ УРП.бр.514/2016 за поништување на Решението на ДИК УП1.бр.10-490 од 17.12.2016 година.

Одлуките по тужбите Управниот суд треба да ги донесе најдоцна 24 часа по расправата по нив и да ги објави на неговата веб страница. Одлуките на Управниот суд се конечни.

Советот на судии е составен од Весна Јовановска, претседател и членовите Бурим Сејдини, Анета Џигерова, Ѓоко Живковски и Драгослав Радичевски.

Коалицијата предводена од СДСМ поднесе четири тужби до Управниот суд, а една тужба поднесе ВМРО-ДПМНЕ. Се очекува во текот на утрешниот ден Управниот суд да ги разгледа и останатите три тужби.

Би можело да ве интересира

Управниот суд ја одби тужбата на „Еуростандард банка“

Ана Ололовска

Управен суд: Владата погрешно ги поништила решенијата на Чулев во МВР

Ана Ололовска

Судијата Шахини е обвинет за штета на буџетот од 198 илјади евра за предметот со денационализација

Васко Маглешов

Апелација ја одби жалбата на СЈО за судиите од Управен

Ана Ололовска

Управниот суд одби 15 тужби за вториот круг од изборите, за 16-та се уште одлучува

Ана Ололовска

Управниот суд ги заврши седниците по жалбите за вториот круг од изборите

Ана Ололовска