Награда за ООУ „Лазо Трповски“ од литературен натпревар во Токио

Од:

Почесниот конзул на Јапонија во Македонија Казу Лешниковска денеска ќе ја предаде наградата за ООУ „Лазо Трповски“ освоена на Меѓународниот литературен натпревар за млади 2016 во Токио.

Наградата ја освоија ученичките Александра Исајловска и Матеа Шутарова во конкуренција на 12.937 учесници од 153 земји на натпреварот  организиран од УНЕСКО и фондацијата ГОИ од Токио во рамки на одбележувањето 71 година од основањето на Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура.

Тие учествуваа со прозни лични творби напишани во форма на есеи на тема „Да создаваме подобра иднина преку образованието“, а беа координирани од тројца наставници-ментори Стефан Симовски, предметен наставник по германски јазик, Соња Јовановска, предметен наставник по македонски јазик и Лилјана Симоновска, предметен наставник по англиски јазик.

Покровител на натпреварот во Токио е министерот за образование, култура, спорт, наука и технологија на Јапонија.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование