СДСМ обвинува: Судот ги крие функционерите на власта

Од:

За функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, клеветата е веќе декриминализирана. Единствено тие уживаат во бенефициите од декриминализацијата, иако таа не се однесува на оние на кои им е најпотребна: новинарите, колумнистите, публицистите, активиститите.

Вака СДСМ на прес конференција реагира за како што велат праксата која ја воспоставија челниците на ВМРО-ДПМНЕ преку која ја избегнуваат правдата и не се појавуваат на судските рочишта во процесите во кои се тужени за клевета или навреда.

Судскиот доставувач е единствениот што не го гледа Бичиклиски на телевизија секој ден како држи прес-конференции од партиското седиште или како беседи на седниците на советот на Град Скопје. Доставувачот не смее, а не не може да го најде, рече пратеничката Весна Бендевска. Повеќе од видеото.

Реакција од штабот на ВМРО – ДПМНЕ на изјавата на Весна Бендевска:

Ја повикуваме г-ѓата Весна Бендевска да отиде кај г. Стевчо Јакимовски, кој претпоставуваме често го гледа во партиското седиште на СДСМ, да го убеди, да го доведе на суд и конечно да се појави на редовно рочиште во случаите кога е тужен за клевета од страна на Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиевски.

Она за што денес Бендевска говореше е само фрлање на прашина во очите на јавноста. Преставниците на ВМРО-ДПМНЕ, за разлика од СДСМ адекватно и со почит се однесуваат спрема сите институции на системот.

Впрочем Бендевска е најмалку повикана да зборува за судски спорови бидејќи лично таа во повеќе наврати беше осудена дека клевети и зборува лага. Така да не и е прв пат да говори невистини. За лагите кои таа ги кажува не и се виновни ниту медиумите, ниту судот, а најмалку ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски

СДСМ: Додека луѓе умираат од западнонилска треска – во Драчево организираат кино на отворено

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му