Победа за Кливленд, пораз на Њујорк по продолжение

Од:

Шампионот во НБА лигата екипата на Кливленд на еден од шесте ноќешни натпревари оствари победа над Мемфис  и сега е во низа од пет триумфи по ред, додека Њујорк загуби по продолжение на гостувањето кај Феникс.

Најзаслужен за триумфот на првакот беше Кевин Лав со 29 поени и 13 скокови, додека на дуелот Феникс – Њујорк, Кристапс Порзингис реализираше 34 поени за Њујорк, а Ерик Бледсо 31 кај Феникс.

Од другите дуели за одбележување е дека Минесота надомести негатива од 21 поени (30:51) против Чикаго, а Дејмонд Грин од Голден Стејт го реализираше првиот „трипл-дабл“ сезонава – 12 поена, 12 скока и 10 асистенции.

Резултати на ноќешните натпревари:

Кливленд – Мемфис 103:86,
Атланта – Орландо 120:131,
Чикаго – Минесота 94:99,
Њу Орлеанс – Голден Стејт 109:113,
Феникс – Њујорк 113:111 (продолжение) и
Портланд – Оклахома Сити 114:95.

Пласман Источна конференција: Кливленд 18-5 (победи-порази),  Торонто 17-7, Шарлот 14-11, Њујорк 14-11, Бостон 13-11, Чикаго 13-11, Индијана 13-12, Детроит 13-13,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 22-4, Сан Антонио 19-5, ЛА Клиперс 18-7, Хјустон 18-7, Мемфис 17-9, Оклахома Сити 15-10, Јута 15-10, Портланд 13-14,…

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on