Граѓаните на Република Македонија во поновата историја на државата впишаа нов ден кој треба да се прославува како државен празник – 11 декември – Ден на победата над диктатурата. Граѓаните отворија нова страница во историјата на државата, со тоа што со својот глас на изборите затворија едно десетгодишно мрачно поглавје на девастирање на целокупниот политички систем и негово подредување на интересите на една криминална групација во раководството на ВМРО-ДПМНЕ.
Повеќе од јасна е желбата кај граѓаните за возобновување на демократијата, слободата и правдата во темелите на државата, како и за казнување на криминалците за сите злодела кои направија.
НСДП ги повикува сите парламентарни партии што поскоро да отпочнат со преговори за формирање на Влада во која нема да има место за криминалците од ВМРО-ДПМНЕ.