Охрид: Фатен крадецот кој ограбувал станови низ градот

Од:

Поради постоење на основи на сомнение дека сторил  пет кривични дела „тешка кражба„ СВР Охрид, поднесе кривична пријава против С.А(22) од Охрид.

Истражен судија му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

Пријавениот, во текот на минатиот месец, ги извршил казнените дела на подрачјето на Охрид со употреба на подесен алат (штрафцигери) и со физичка сила, при што мошне вешто се качувал преку балконите, ги користел олуците и другите метални конструкции по што влегувал во домовите, вршел брзо пребарување по собите одземајќи одземајќи пари, златен накит, накит „сваровски“, мобилни телефони и повеќе други вредни предмети и се стекнал со против-правна имотна корист од околу 300.000 денари.

Инаку, пријавениот е познат извршител на вакви и слични казнени дела за што е кривично пријавуван и  осудуван.

Би можело да ве интересира

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски