Естонија и Косово противници на Македонија во претквалификациите за СП во кошарка

Од:

Македонската кошаркарска репрезентација за противници во претквалификациите за пласман на Светското првенство 2019 ги доби репрезентациите на Естонија и Косово.

Трите селекции во рамките на Ц групата ќе играат по два меѓусебни дуела, на домашен терен и на гости во периодот од 2 до 19 август во 2017 година.

На денешната жрепка во Прага беа извлечени и другите три групи:

А група: Словачка, Шведска, Босна и Херцеговина, Ерменија.

Б група: Албанија, Австрија, Холандија.

Д група: Португалија, Бугарија, Белорусија.

Првопласираните две селекции ќе обезбедат место во квалификациите за Мундијалот 2019 година што ќе се одржува во Кина.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос