Кошаркарот на Оклахома, Расел Вестбрук оствари седми трипл-дабл по ред и се изедначи со легендарниот Мајкл Џордан. Встбрук на средбата со Хјустон постигна 27 поени, 10 скока и исто толку асистенции, но и тоа не беше доволно неговата екипа да го избегне поразот.
Рекордер во постигнати тројни ефекти е Вилт Џембрлен со девет такви постигнувања во низа пред половина век.
Резултати на деветте натпреварите од НБА лигата одиграни ноќеска:
Шарлот – Орландо 109:88,
Бостон – Торонто 94:101,
Кливленд – Мајами 114:84,
Милвоки – Атланта 110:114,
Минесота – Детроит 90:117,
Оклахома – Хјустон 99:102,
Далас – Индијана 111:103,
ЛА Лејкерс – Феникс 115:119,
Сакраменто – Њујорк 100:103.
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 20-3 (победи-порази), Сан Антонио 18-5, ЛА Клиперс 16-7, Хјустон 16-7, Мемфис 16-8, Оклахома 14-9, Јута 14-10, Портланд 12-12,…
Пласман Источна конференција: Кливленд 16-5 (победи-порази), Торонто 16-7, Шарлот 14-9, Бостон 13-10, Њујорк 13-10, Чикаго 12-10, Милвоки 11-10, Детроит 13-12,…