Обид за поткуп на ромски гласачи во Кавадарци

Од:

Граѓани на Кавадарци, попладнево, забележале како засега неидентификувани лица со куфер влегуваат во изборниот штаб на Демократска партија на ромите во градот. Тие тврдат дека така биле внесени пари во штабот каде започнал поткупот на избирачи. Очевидците потврдуваат дека внатре во штабот се случува масовен поткуп за што веднаш пријавиле во полициската станица во Кавадарци, пренесува Дума.

Полицајците стигнале на пријавеното место. Во моментов тие го обезбедуваат објектот додека внатре се гледа присуство на повеќе лица кои се заклучени од внатрешната страна на изборниот штаб. Полицијата чека судски налог за да може да влезе во објектот. Тој се наоѓа во центарот на Кавадарци, позади зградата на општината и веднаш до изборниот штаб на Амди Бајрам.

Неофицијално дознаваме дека полицијата обезбедила изјави од лица кои што примиле поткуп. Инцидентот е пријавен во ОБСЕ и ОДИХР. Околу изборниот штаб започнаа да се собираат револтирани граѓани на Кавадарци. Нивниот број постојано се зголемува. Дел од нив коментираат дека наводно денеска пари се делеле и во општинската зграда. Од општина Кавадарци ги отфрлаат обвинувањата и велат дека деструктивната политика на СДСМ ги создава овие измислици.

Би можело да ве интересира

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

Јанушев: Крајно е несериозно тоа што СДС пак се обидува да произведе политички конструкции

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито