Народно движење за Македонија изразува шокираност од истрајноста на ДИК по секоја да спроведе незаконски и ништовни избори на 11 декември.
Во самостојна и демократска Македонија се случи историски скандалозен чин поради четири причини, прво, ДИК потврди незаконски и неправилни кандидатски листи на одредени партии, второ, ДИК потврди кандидатски листи од неовластени подносители, трето, ДИК потврди листи составени на јазик и писмо спротивен на Изборниот законик, и четврто ДИК отстрани учесник на изборите – Народно движење за Македонија поради политиката и политички сценарија.
Како и да е, изборите не завршуваат на 11 декември од најмалку две причини, прво, НДМ продолжува со правната битка на домашен и меѓународен терен за расветлувањето на незаконските избори и нивно поништување, и второ пострашно, сценариото кое не предвидува изборна завршница на 11 декември.