Радмила Шекеринска: Време е да се променат работите што не чинат

Од:

Радмила Шекеринска од СДСМ и коалицијата „За живот во Македонија“, носител на кандидатската листа за пратеници во Петтата изборна единица во Битола порача дека време е да се променат работите што не чинат, работите кои не одат добро на Македонија.

Таа шанса, рече Шекеринска, граѓаните ја имаат сега, а в недела треба да ја искористат.

– Во изборната единица ги посетивме сите села и градови. Разговаравме со граѓаните и сите бараат шанси за живот тука, во Македонија, не сакаат поделби туку решенија, сакаат систем што ќе функционира за сите подеднакво, рече Шекеринска.

Најголемиот проблем, кој најчесто беше посочуван на нашите средби, како што рече, беше проблемот на масовното иселување од нашата држава и затоа излеговме со план за живот во Македонија, план со кој младите ќе останат во татковината.

– Планот за живот во Македонија значи план за повисоки плати и повисоки пензии, односно минимална плата до 16.000 денари и просечна плата во цела држава до 30.000 денари. Животот во Македонија значи и поддршка за домашните претпријатија и насочување на 140 милиони евра кон нив за да отвораат нови работни места. Животот во Македонија значи институции кои работаат во служба на сите нас, како граѓани во Македонија, рече Шекеринска на средба со младите битолчани.

Според неа, ако сите излезат на гласање и го искористат своето гласачко право, тогаш во Македонија ќе се случат промени кои ќе обезбедат младите да останат во државата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: СДСМ тврди дека Владата ќе го прифати Францускиот предлог, Владата реагира дека се хистерични

Катерина Ѓуровски

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче денес обвинува за гостиварскиот случај, а молчеше кога беше министер за здравство

Горан Наумовски

СДСМ: Скопје има градоначалник на екскурзија – исто како и неговиот шеф!

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски и Клековски го загрозија здравјето на граѓаните на Гостивар