СДСМ Охрид: Криминалната банда на ДПМНЕ ќе одговара за сите злодела

Од:

„Слободата е толку блиску. Доаѓа денот кога конечно ќе се ослободиме од овој безмилосен режим кој веќе една деценија посветено работи на уништување на иднината на оваа држава.

Ние во недела ќе ставиме крај на тоа. И не само што ќе ставиме крај, туку криминалната банда на ДПМНЕ ќе одговара за сите злодела, сите кражби, сите монтирани процеси, уништени животи на сопствените граѓани.

Драги сограѓани, ова ќе биде само почетокот на нашата мисија. Ставањето крај на ненародното владеење на ДПМНЕ само го означува почетокот на целокупната преродба на секоја сфера од нашето живеење, бидејќи тие уништија се што допреа.

Ние ќе се погрижиме Македонија повторно да ја изградиме, ќе ја изградиме врз пепелта и пустошот што го остави зад себе ВМРО ДПМНЕ. Ова ќе го направиме здраво, државата повторно ќе ја подигнеме, но врз здрави темели, врз темелите на Планот за живот во Македонија кој гарантира подобар живот за сите граѓани.

Реформите се темелни, реформите ќе донесат иднина за секого, ќе донесат иднина тука, во Македонија, ќе донесат иднина во Охрид, нашиот Охрид, мојот Охрид.

Планот за Живот гарантира враќање на демократијата во Македонија, враќање на правната држава, слободата на говорот, независност на медиумите, но најважно, ќе ги вратиме сите пари кои овој ненароден режим ги украде и изнесе од државата, тие пари ќе ги вратиме на граѓаните.

Груевски и фамилијата во изминативе десет години се богатеа на грбот на народот, богатите ги направија побогати, а сиромашните уште посиромашни. СДСМ еднаш засекогаш ќе стави крај на тоа.

За да го подобриме стандардот на нашите граѓани, ќе враќаме 15 % од данокот на додадена вредност со што годишно кај граѓаните ќе се враќаат по 8 милјарди денари. СДСМ ќе обезбеди 12 000 денари социјална помош за најранливите категории и најсиромашните затоа што секој е важен, и секој заслужува достоинствен живот.

Минималната плата ќе ја направиме 16 илјади денари до крајот на мандатот, а просечната ќе достигне до 30 илјади денари.

Ова, но и мерките за поддршка на младите во основање на сопствен бизнис, неповратна помош од 10 000 евра за добрите бизнис идеи, ќе бидат ударните реформи со кои младите ќе ги задржиме овде, во Македонија, во Охрид. Тоа мора да го направиме бидејќи овој безмилосен режим, во една, мрачна деценија успеа да ги избрка од државата своите најголеми таленти, научници, доктори. А кој подобро да посведочи за тоа од нашиот Охрид.

Драги сограѓани, децата ни заминаа во туѓина, градот ни старее, рекордери сме по бројот на иселени млади лица, а овие криминалци мислат дека луѓето може да се заменат со споменици.

Ние ќе ги сопреме во тоа!!!

СДСМ ќе се грижи за нашата младина, за повеќе да не се слуша мајчиниот плач додека синови и ќерки се подготвуваат да ја напуштат Македонија засекогаш. Немаме повеќе иднина за фрлање, мораме сега да го избереме вистинскиот пат, патот кој ќе значи посветла иднина за сите.

СДСМ и коалицијата таа иднина ќе ја обезбедат носена на темелите на Планот за живот.
Тоа не е само ветување и не е само изборна програма, тоа се чекорите кои гарантираме дека ќе се спроведат, за земјата да се врати на старите патеки кога бевме лидери во регионот во секој смисол.

Почитувани, немаме веќе втора шанса. На овие избори вие сте тие кои ја имаат моќта да направат нешто за да ја спасат Македонија. Вие сте тие кои можат да ја испорачаат казната на оние кои веќе една деценија ја уништуваат државата, на оние кои ги уништија сите ваши соништа, сите ваши планови.

Затоа мои охриѓани, наши сограѓани, на 11ти изборот е јасен, изборот е еден. Заокружете го бројот 4 и гласајте за СДСМ и коалицијата, гласајте за иднината на нашите деца“, изјави Жаклина Лазаревска, кандидат за пратеник и советник на ОО СДСМ Охрид.

Би можело да ве интересира

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ секогаш биле и ќе останат политички „кукавици“

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Денешниот конгрес е нов почеток, нова борба, нова надеж дека можеме да ја вратиме партијата на победнички патеки

А1он

СДСМ денеска на конгрес ќе ги избира највисоките тела на партијата

А1он

СДСМ утре ќе го одржи 30. Конгрес на кој ќе избере ново раководство

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски