(ВИДЕО) Шилегов: За Никола конфискација, за граѓаните ЖИВОТ!

Од:

„Заеднички наш, победнички Гостивар!

Добровечер драги граѓани, се наоѓаме на самиот крај на оваа кампања. Утре завршува кампањата. Во недела, е во недела завршува режимот. Во недела ставаме точка. Во недела ставаме крај. Доста е!

Во недела го победуваме режимот кој што однесе десет години од нашиот живот. Десет години пустошење, кражби, убиства, измами, селење на младите, ставаме крај го враќаме животот, животот во Гостивар, животот во Македонија!

И дозволете ми од овде една порака за Никола Груевски. Никола ти добро знаеш, јас добро знам, овие луѓе, цела Македонија добро знае, не те мачи тебе федерализација. Затоа што знаеш дека федерализација нема и неможе да има. Те мачи Никола конфискација! Те мачи конфискација!

Затоа што знаеш дека конфискација ќе има! Ќе има заплена на целиот имот што го опљачкавте од овој народ и до последно евро ќе ви ги земеме, затоа што се тоа пари на нашите граѓани.

Почитувани граѓани, Македонија е на историска пресвртница. Македонија треба да одлучи помеѓу агонијата и животот. Дозволете овде да порачам на сите оние кои што се закануваат во изминатите денови и во деновите кои што ќе престојат до самото гласање: Немојте да си играте со судбината на граѓаните, немојте да си играте со вашата судбина, на 11-ти декември се менува власта, на 12-ти декември кривично ќе одговарате за сите злодела, за сите закани кон било кои граѓани!

Дозволете ми да упатам порака, до членовите на нашиот политички конкурент, до вработените во државните претпријатија и во државната администрација: Немојте да се плашите, дојдете со нас, дојдете на страна на победничка Македонија, нема да има реваншизам, нема да има бркање од работа и вас ќе ве ослободиме, нема да мора да одите ни по митинзи ни по контра митинзи за да го зачувате вашето работно место!

gostivar-miting-4

Во Македонија државната администрација конечно ќе стане професионална, а не партиска. И ќе служи на сите граѓани, без оглед кој сме, без оглед што сме, без оглед од каде доаѓаме. Во Македонија мора да има живот за сите, во Македонија мора да го вратиме достоинството на здравствените работници, за да тие се однесуваат кон нас достоинствено како пациенти. Затоа двојно ќе ја зголемиме платата на лекарите.

Затоа ќе ја зголемиме платата на наставниците, оние кои што ги учат и воспитуваат нашите деца. За две години од сега нема да има помала плата на наставник приправник од просечната плата исплатена во Македонија. Затоа што тие ја учат нашата иднина.

И секој граѓанин треба да биде сигурен, ветуваме, се обврзуваме пред вас, минималната плата ќе изнесува шеснаесет, а просечната плата триесет илјади денари на крајот од нашиот мандат.

Го враќаме животот, еден живот имаме, не го даваме на Никола Груевски да ни го одземе! Наши живот се, нашата држава е во прашање.

gostivar-miting-5

Затоа Ве повикувам сите, гордо, достоинствено, слободно, без страв, во недела, масовно излезете на избирачките места, заокружете број 4, заокружете број 4 да го вратиме животот во Македонија! Да ги земеме нашите животи во нашите раце!

Да живее Гостивар! Да живее Македонија“, рече Петре Шилегов, носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ6 на синоќешниот митинг во Гостивар.

Би можело да ве интересира

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

А1он

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ

А1он

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ секогаш биле и ќе останат политички „кукавици“

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Денешниот конгрес е нов почеток, нова борба, нова надеж дека можеме да ја вратиме партијата на победнички патеки

А1он

СДСМ денеска на конгрес ќе ги избира највисоките тела на партијата

А1он

СДСМ утре ќе го одржи 30. Конгрес на кој ќе избере ново раководство