Невреме во Русија

Од:

Неколку стотици возачи на моторни возила останаа блокирани на автопатот меѓу Москва и Санкт Петербург во колона долга 40 километри поради силен ветер и врнежи од снег.

Европскиот дел од Русија го зафатија силни снежни врнежи од средината на неделава, а ситуацијата додатно ја влошува силниот ветар и лапавица.

Патот “М-10” честопати го користат возачите на камиони за испорака на товарот од пристаништата во Санкт Петербург кон Москва и овие возила предизвикаа додатен метеж.

Министерството за вонредни ситуации испрати околу 175 спасувачи и стотина возила за расчистување на снег, но до денеска успеаја да отворат само една лента.

Руските власти им обезбедија на возачите храна, засолништа, медицинска помош и гориво.

Би можело да ве интересира

Педијатар во Русија доби пет години затвор за антивоени коментари

А1он

Суперсилите ги здружија силите: Кина и Русија договорија заедничко делување за стратешки прашања

Русија: Најмалку шест лица загинаа во пожар во Ростовската област

Патрушев: Русија ги зголемува безбедносните мерки во Балтичкото Море

Захарова: Не ни кажувајте што да правиме

Володин: Странските агенти ќе можат да вадат пари од посебна сметка само во Русија