СДСМ: Македонија најлоша земја за живот во регионот!

Од:

„Македонија стана земја во која тешко се живее, а тоа го потврди и Извештајот за човековиот развој на Обединетите нации зa 2015 на кој Македонија се наоѓа на 81-то место зад Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора.

Со Груевски во Македонија нема живот затоа што над 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштија.

Со Груевски во Македонија нема живот затоа што граѓаните се иселуваат масовно, 626.312 си заминаа од Македонија.

Со Груевски во Македонија нема живот затоа што имаме најлошо здравство, и најлошо образование во земјите од регионот.

Затоа граѓаните имаат шанса во недела да си го вратат животот во Македонија.

Граѓаните на Р.Македонија имаат шанса да изберат повисоки плати, минимална од 16.000 денари и просечна од 30.000 денари за квалитетен животен стандард и спокоен живот, добро платени работни места од силно поддржани домашни претпријатија со 140 милиони евра, институции во служба на граѓаните, правда за сите и контрола над власта.

За живот во Македонија парите ќе се насочуваат кон граѓаните и власта ќе ја контролираат граѓаните!

Граѓаните можат и ќе си го вратат животот во Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари – што вели статистиката на Мицкоски?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело