(ВИДЕО) Шекеринска: Во недела одлучуваме за повисоки плати и за иднината на нашите деца

Од:

„На претпоследниот ден од кампањата повторно сме во Крушево, каде граѓаните масовно го поддржаа нашиот План за живот во Македонија.

На сите им е јасно дека овие избори не се обични избори. На нив не се гласа за СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ. Ова се избори дали во следните 4 години ќе преживуваме, или ќе дадеме шанса на животот во Македонија.

Ова се избори на кои одлучуваме за иднината на нашите деца. Одлучуваме за минимална плата која ќе порасне до 16 илјади денари, додека просечната плата ќе порасне до 30 илјади денари.

Ова е остварливо и вистински заради тоа што испланиравме финансиска поддрша на домашните претпријатија, за да можат да отворат нови работни места и за да можат да исплаќаат повисоки, подобри плати.

Гласот на секој е важен. Зад параванот сте вие, сами, никој друг. Изборот е ваш. Изберете 4. Изберете го животот во Македонија“, изјави Радмила Шекеринска, заменик претседателка и носителка на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 5.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ