(ВИДЕО) Заев: Граѓаните сплотени и обединети избираат живот

Од:

„Знаете, ги враќаме парите кај граѓаните. Ги намалуваме трошоците. За поголеми семејни буџети!

Ви ветувам:

Плата плус годишно за секое семејство!

На секој граѓанин ќе му вратиме по 15% од платениот ДДВ од фискалните сметки. Пониски сметки за струја!

Ја враќаме дневната евтина тарифа на струја и ќе има евтина струја цел викенд.

Ако не користите парно, нема да го плаќате повеќе.

Основното правило на праведноста е да не плаќаш за услуга што не ја користиш.
Најавувам фер плаќање на јавни давачки! Фер плаќање на јавни давачки за градинки, за основни училиште….

Кој има помалку, ќе плаќа помалку. Оние со најнизок доход, воопшто нема да плаќаат!
Ќе ја укинеме радиодифузната такса!

Тоа ќе биде уште една давачка помалку за вас и нема повеќе да ги блокираат сметки поради неплатена и ненаплатена радиодифузна такса.
Да знаете, ќе има бесплатно болничко лекување за сите – ја укинуваме партиципацијата која што сите ја плаќаме во здравството!

Секој ќе може болнички да се лекува. Никој нема да зависи од тоа дали има да плати или не.
Ќе воведеме енергетски ваучери за струја и затоплување!

Со тоа им помагаме на најзагрозените, да им биде и светло и топло во домовите.
На семејствата без приход, на семејствата без приход државата ќе им дава по 12.000 денари месечно.
Наша цел е да им помогнеме на луѓето во сиромаштија, да излезат од таа сиромаштија и тоа ќе се случи после 11 декември!

Почитувани граѓани, почитувани граѓани ништо од ова Никола Груевски не направи, ништо не сакаше да направи, не знаеше да направи, напротив, не е тој од тука кога се работи за потребите на граѓаните – од тука е само кога се работи за неговите лични интереси и интересите на неговото семејство и фамилијата.

Да сакаше, да можеше, да знаеше имаше 10 години да ги реши проблемите на граѓаните, ама тој избрка 626.312 граѓани да тргнат од Македонија и турна во сиромаштија над 500.000 граѓани во оваа наша земја.

Тука нема различност – граѓаните знаат се соочуваат со исти проблеми и затоа заедно обединето, сплотени, еве ги по цела Македонија, избираат живот. Тука е стравот на Груевски. Заради тоа што се сплоти нашиот народ. Е здружен единствен како никогаш до сега и избира живот! Живот за сите во Македонија!

Од тоа се плаши Груевски. Затоа измислува федерализации и кантонизации, затоа е разулавен, затоа што е исплашен дека граѓаните избираат живот, дека избираат слобода и правда, дека си ја враќаат државата, ќе си ги вратат и парите, а за него, за него следува и конфискација. И ќе има одговорност за сите прекршувања закони, кражби, корупции и насилства. Нема бегање, законот ќе важи подеднакво за сите!

Секој подеднакво ќе одговара по закон. На 11 декември одлучувате за вашиот живот. Гласот на секој од вас е важен. Зад параванот сте сами. Вие и никој друг.

Гласаме за живот во Македонија“, изјави Зоран Заев, претседател на СДСМ и носител на каднидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 4, на синоќешниот митинг одржан во Бутел.

Би можело да ве интересира

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

А1он

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ

А1он

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ секогаш биле и ќе останат политички „кукавици“

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Денешниот конгрес е нов почеток, нова борба, нова надеж дека можеме да ја вратиме партијата на победнички патеки

А1он

СДСМ денеска на конгрес ќе ги избира највисоките тела на партијата

А1он

СДСМ утре ќе го одржи 30. Конгрес на кој ќе избере ново раководство