Македонски државјани учествувале во киднапирање на Албанец

Од:

Албанската полиција трага по двајца македонски државјани, кои заедно со уште тројца албански нарко дилери го киднапирале Евар Красниќи од тиранската населба Фарк, поради нерасчистени сметки од трговија со дрога.

Во четвртокот ноќта тие насилно го земале од дома Красниќи и со неговиот автомобил го принудиле да заминат во Паскуќан.

– Причина за киднапирањето се  нерасчистени сметки меѓу учесниците во случката. Полицијата потврдува дека Красниќи имал улога на посредник во шверцот на дрога, која доаѓала од селото Лазарат во правец на Тирана, а со дестинација Македонија, пренесува весникот „Газета шќиптаре“.

Според полицијата Евар Красниќи требало да им предаде дрога која требало да биде прошверцувана за Македонија. Но фактот што дрогата не им била испорачана на потребното место и опредленото време, а за тоа веќе му имале исплатено поголема сума на пари, петмината се одлучиле да го киднапираат.

По дојава од неговите домашни полицијата по четири часа од киднапирањето го ослободила Красниќи. Уапсените Емилиано Муја (21), Ермир Муја (19) и Перпарим Халилај (24), македонските државјани, чиј идентитет не се соопштува, успеале да побегнат.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски