(ВИДЕО) Пендаровски: Пари ќе има за 16.000 денари минимална плата и 30.000 просечна плата

Од:

„Се наоѓаме пред седиштето на најбогатата политичка партија во Европа, која е десет години на власт во најсиромашната држава во Европа.

Нивните статистики кажуваат дека во изминатиов период тие наводно обезбедувале минимална плата од 9.500 денари и просечна плата од 22.000 денари. Меѓутоа во делот на минималната плата самите тие во законот не ги ставија текстилните и кожарските работници кои се најголем дел од работниците на кои им треба ваква заштита.

Во делот на просечната плата 6п проценти според нивниот Завод за статистика, кој знаете дека прима нарачки од владејачката партија што да објави, 60 проценти се под 22.000 денари. Значи 60 проценти од вработените не примаат ни просечна плата која ни ја пропагираат.

Нашите предлози за минимална плата се далеку повисоки од овие фиктивни износи кои владејачката партија и нивната пропаганда ни ги кажува со години.

Нашиот предлог за минимална плата е 16.000 денари и 30.000 денари просечна плата до крајот на првиот мандата за периодот на мандатот 2016-20120 година.

Почитувани сограѓани, јасно е дека единствен излез на катастрофалната ситуација во која сме е во недела на 11 декември да се заокруќи бројот 4 во сите 6 изборни единици и на тој начин да дадеме шанса за нов почеток, за нов живот во Република Македонија“, изјави Стево Пендаровски, носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 1.

Би можело да ве интересира

МНР: Тврдењата за постоење таен договор или тајни преговори се само уште една во низата измислици на СДСМ

ВИДЕО: СДСМ тврди дека Владата ќе го прифати Францускиот предлог, Владата реагира дека се хистерични

Катерина Ѓуровски

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче денес обвинува за гостиварскиот случај, а молчеше кога беше министер за здравство

Горан Наумовски

СДСМ: Скопје има градоначалник на екскурзија – исто како и неговиот шеф!

Горан Наумовски