Ховит: Македонија треба да добие датум за преговори

Од:

Сè уште не сум сигурен дека ќе биде договорен датум, но убеден сум дека Македонија треба да ги почне преговорите за членство во ЕУ, вели британскиот европратеник и известувач за Македонија во Европскиот парламент Ричард Ховит во интервју за програмата „Порта“ на сателитскиот канал на МТВ.

– Ќе работам, до последната минута од последниот час за да се добие одлука која или ќе одреди датум за преговорите или ќе даде решителен и неповратен чекор кон одредување на датум за преговори, истакнува Ховит.

Коментирајќи ги односите со Грција и со Бугарија во контекст на добрососедството, Ховит ги поздравува, како што вели, помирувачките пораки што Скопје ги упати кон Атина и Софија. Оценувајќи ги таквите пораки како „голем гест“ од Скопје кон соседите во пресрет на декемвриските состаноци на Европскиот совет, британскиот европратеник посочува дека станува збор за зборови, меѓутоа зборови кои се искрени.

– Локално, секој треба да разбере дека беа кажани одредени работи  како од страна на политичарите така и од медиумите во соседните земји, но исто така, и во оваа земја, кои предизвикуваат вистинско недоразбирање и вознемиреност на другата страна. Наместо да се коментира за прашања што може да предизвикаат конфликт, мислам дека треба да коментираме за предложениот Меморандум за соработка со Грција и размената на писма со министерот за надворешни работи на Бугарија, потенцира Ховит.

Одговарајќи на прашањето дали  се наѕира некаков договор, Ховит со став: „Се разбира, сè уште не е постигнато договор за сè, меѓутоа, најважно е тоа што овие процеси, кои се позитивни и се неопходен дел од конечното постигнување на успешно решение, се во тек“. Исто така, според, него, многу е важно тоа што помирувачкиот тон кон Атина и Софија не продолжува само до донесувањето на декемвриската одлука, туку засекогаш.

За прашањето за името Ховит смета дека на крајот, сепак, двете земји ќе мора да најдат решение, работа, која, како што оценува, неизбежно е болна за двете страни.

– Ќе биде потребна волја, визија и храброст за да се постигне решение. Но, вистинската разлика е многу мала и јас верувам дека е можно да се постигне спогодба. Кога европскиот комесар препорача дека прашањето за името треба да се реши во почетокот на преговорите со ЕУ, тоа беше смел и храбар потег кој треба да се поддржи, вели Ховит.

На прашањето како ја коментира постапката на евроамбасадорот Аиво Орав кој не нарече „славомакедонци“, Ховит со одговор дека тој во неговиот извештај за Македонија во Европскиот парламент го користел терминот „македонски“.

– Кога се решив да го искористам зборот „македонски“ во мојот извештај за луѓето и јазикот во земјата, тоа беше мој смел чекор, и чекор кој е целосно во согласност со начелата на ОН. Со тоа, се надевам дека локалните жители видоа дека имаат вистински пријател во Европскиот парламент, кој ги слуша локалните жители и кој е чувствителен на длабоко вкоренетото локално чувство, изјави европратеникот Ричард Ховит.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он