(ВИДЕО) Локвенец: Ги враќаме институциите и украдените пари во рацете на народот

Од:

„Криминалната рака на Никола Груевски ги зароби државните институции.

Досега, наместо интересот на граѓаните, институциите го штитеа криминалот на власта.

После 11-ти декември, целата држава ќе ја впрегнеме во служба на граѓаните.

Нема да има отпуштања во јавната администрација.

Ниту еден човек што е вработен во администрацијата не треба да стравува за своето работно место, освен оние, кои го прекршиле законот.

Администрацијата ќе биде сервис на граѓаните, а не партиска испостава на владејачката партија и резервоар за таканаречени сигурни гласачи.

Клучните институции ќе работат во две смени, од 08 до 20 часот, за да може граѓаните во секое време да ги завршат потребните работи.

Ќе има контрола над власта и правда за сите.

Функционерите нема повеќе да се луксузираат со народните пари, за свои лични цели.

Ќе го продолжиме мандатот на СЈО.

Гарантираме целосен реизбор на сите судии во државата. Пресудите ќе ги пишуваат судиите, а не партиски штабови.

По примерот на земјите од Европската Унија, ќе донесеме закон за запленување на криминално стекнатиот имот, вклучувајќи и корупција и организиран криминал.

Криминално стекнатиот имот и украдените државни пари, ќе ги вратиме на народот!

Секој потрошен денар од буџетот ќе биде на увид на граѓаните. Криењето на јавниот долг ќе биде кривично дело.

Ја враќаме безбедноста на граѓаните. Го враќаме маалскиот полицаец, на кого граѓаните можат да му се обратат во секое време“, изјави Хари Локвенец – Кандидат за пратеник во И.Е.4 од редовите на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нова слика на Мицкоски – старо друштво

СДСМ: „Буџетот не е во најдобра состојба“ – оваа изјава на Божиновска е доказ дека фалат 2 милијарди евра

А1он

СДСМ: За да се впушти во борба против криминалот и корупцијата Мицкоски треба да се уапси самиот себе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?

СДСМ: Скандал со повлекувањето на Кедев, дали Жан излезе со клевети за Филипче за да се спаси

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Платите на работниците треба да се покачат сега, а не за две години

Предраг Петровиќ