Екипите на Динамо Киев и Бешикташ ги очекува санкции од Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) поради инцидентот во меѓусебен натпревар во Украина во 6.коло од Лигата на шампионите.
Според информацијата на веб-сајтот на УЕФА, Динамо Киев е под дисциплинска постапка, бидејќи неговите навивачи палеа факели, поради лоша организација на натпреварот, како и блокирање на скалите, додека клубот од Турција е обвинет за непримерно однесување на неговите навивачи кои кршеа столчиња на стадионот во Киев и палеа пиротехнички средства.
Одлуката за казната УЕФА ќе ја донесе на 2 февруари 2017 година.
Натпреварот Динамо Киев – Бешикташ се одигра во вторникот и заврши со победа на украинскиот тим од 6:0.