Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром вечерва претрпе уште еден убедлив пораз во Еврокупот, откако во СЦ „Јане Сандански“ загуби Нижњи Новгород од Русија со 82:97 (12:26;22:26; 29:28 и 19:17).
На овој натпревар тренерот Анте Назор играше без Ксавиер Темс, Ѓорѓе Дреновац и Стефан Синовец. Слабата игра во одбрана и 52-те примени поени во првото полувреме беа причината за новиот пораз.
Јуре Лалиќ со 23 поени беше најефикасен кај МЗТ Скопје Аеродром, Шарлон Клоф постигна 15, а по 14 поени запишаа Адем Мекиќ и Даниел Кларк. Деандре Кејн кај Нижњи Новгород реализираше со 22 поени.
Во последното коло следната среда МЗТ Скопје гостува кај Гран Канарија.
На вториот натпревар од групата А Гран Канарија како гостин ја победи екипата на Лиеткабелис со 92:73.
Табела: Гран Канарија 6-1 (победи-порази), Цедевита 5-2, Нижњи Новгород 4-3, Лиеткабелис 3-5 и МЗТ Скопје 0-7.