Шилегов: Државна помош за фирмите како што е „Југохром“

Од:

Носителот на листата за пратеници од Коалицијата „За живот во Македонија“ предводена од СДСМ во Шестата изборна единица Петре Шилегов денеска изјави дека во изборната програма предвидуваат државна помош за фирмите како што е „Југохром“.

–  Пред неполн еден месец, 720 луѓе ги загубија своите работни места. Државата наместо да помогне, ја внесе фирмата во административните лавиринти за поставување на филтри и луѓето останаа на улица. Низ цела општина Јегуновце се чувствува недостатокот од работни места. СДСМ во својот План за живот има програма во која на ваквите фирми ќе им дава државна помош со цел тие никогаш да не бидат доведени во ваква состојба и ниту еден граѓанин во Македонија и особено тука во Југохром да стравува дека ќе го загуби своето работно место поради административни грешки или финасиските неможности на фирмите, рече Шилегов.

Тој додаде дека предвидуваат просечната плата на крајот од мандатот да изнесува 30 илјади денари, а минималната 16 илјади денари.

– Административците во Македонија не треба да стравуваат за своите места. И нивните плати ќе се зголемуваат заедно со растот на македонската економија. Ќе има поголеми плати и за наставниците и за лекарите, изјави Шилегов пред комбинатот Јегуновце.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски на увид во Идризово – стручњак на вистинското место за вистинската тема

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари – што вели статистиката на Мицкоски?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски