(ВИДЕО) Заев: 600 милиони евра за модерни и безбедни патишта во првите 2 години, поддржете живот!

Од:

„Во Планот за живот во Македонија, испланиравме нови 600 километри автопати, 550 километри магистрални и 1.000 километри локални патишта. Само во првите 2 години ќе вложиме 600 милиони евра за изградба на патишта“, рече Заев.

„На мапата може да ги погледнете главните патишта кои планираме да ги изградиме.

Велес – Прилеп – Битола – Меџитлија;

Штип – Радовиш – Струмица; – Граница со Бугарија;

Штип – Кочани – Виница – Делчево;

Западниот дел: Гостивар – Кичево, Требеништа – Струга – Ќафасан;

Источниот дел: Романовце – Крива Паланка – Граница со Бугарија, првата фаза експресен пат.

Патиштата низ Македонија се оштетени, руинирани и полни со црни точки, необезбедени за граѓаните, а оваа власт остави пустош во патната инфраструктура во Македонија, како и во  сите други области. Ќе ги модернизираме патиштата со современа сигнализација и ќе ја зголемиме безбедноста во сообраќајот со санирање на сите црни точки.

grafika-plan-za-patishta-i-zheleznici

Исто така, ќе ја намалиме цената на зелениот картон и ќе ги унапредиме и граничните премини за да се намали времето на чекање, со што ќе им го олесниме на граѓаните користењето на патниот сообраќај.

Крупни инвестиции во инфраструктурата се неопходни, бидејќи без инфраструктура не може да ја развиваме домашната економија.

Покрај патиштата комплетно ќе го обновиме и развиеме железничкиот сообраќај.

Како што може да видите на оваа мапа планираме приградски патнички сообраќај што ќе се состои од 4 краци во, и околу Скопје. Со нова пруга од Аеродромот Александар Велики до Скопје (Миладиновци). Освен тоа ќе изградиме нови пруги на неколку патни правци како што се Куманово-Бељаковце, Бељаковце-Куманово и Крива Паланка-Деве Баир.

Нашата намера е на секој граѓанин, без разлика дали живее во град или во село, да му се овозможи да има свој пристапен и сигурен пат, како и достапен, модерен јавен превоз. Брзиот и ефикасен транспорт ги намалува трошоците на компаниите, ја зајакнува конкурентноста и директно влијае на севкупниот раст и развој на македонската економија.

На овој начин, ќе им олесниме и на граѓаните во секојдневното функционирање.

Затоа, во недела на 11 декември, да ја дадеме нашата поддршка за Планот за живот и за нова модерна патна инфраструктура.

Да заокружиме четири, за живот во Македонија“, изјави  Зоран Заев, претседател на СДСМ и носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 4.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нова слика на Мицкоски – старо друштво

СДСМ: „Буџетот не е во најдобра состојба“ – оваа изјава на Божиновска е доказ дека фалат 2 милијарди евра

А1он

СДСМ: За да се впушти во борба против криминалот и корупцијата Мицкоски треба да се уапси самиот себе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?

СДСМ: Скандал со повлекувањето на Кедев, дали Жан излезе со клевети за Филипче за да се спаси

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Платите на работниците треба да се покачат сега, а не за две години

Предраг Петровиќ