(ВИДЕО) Пендаровски: Сите пари ќе ги насочиме кај граѓаните

Од:

„Според нашите економски експерти, Владата на РМ, онаа сегашната, годишно како буџет испумпуваше по 400 милиони евра. Ако знаеме дека се 10 години на власт, лесно ќе дојдеме до крајната бројка на украдени пари од буџетот пред се преку тендери, што изнесува преку 5 милијарди евра.

И тоа е само еден начин на кој Владата крадеше пари од граѓаните и од сопствената држава. Има уште десетина начини на кои ги испумпуваа парите од македонските фирми и од семејствата.

Вкупната бројка на украдени пари во изминативе десет години во РМ, украдени од Владата на РМ изнесува 7 до 8 милијарди евра.

Главното прашање кое го поставуваат граѓаните е дали тие пари можат да се вратат и дали тие што го направија овој најголем грабеж ќе одговараат.

За ова постои неспорна политичка волја кај опозицијата предводена од СДСМ, тоа да го направи. Од првиот ден институциите ќе ги гонат криминалците кои ова и го направија на сопствената држава.

Во однос на тоа дали постојат механизми за враќање на украдените пари- Да постојат. Постојат и денес во позитивните прописи и нема никаков проблем тој имот да се конфискува, независно дали е тука или надвор, затоа што преку меѓународна правна помош ние можеме да ги вратиме и тие пари.

Нашите проценки се дека од сите украдени пари до сега, од тие 7 до 8 милијарди евра за една деценија, можеме во првите две години од мандатот, со јасна политичка волја, со добар план и стратегија и со оставање на надлежните органи да работат слободно според законот, можеме да вратиме барем 40 проценти од таа сума.

Тие пари ќе се вратат кон граѓаните на РМ, кон државата од кои беа опљачкани.

Најбрз начин да видите како парите се враќаат кон вас е во недела за заокружите број 4 во сите изборни единици и на тој начин да си овозможите и себеси и на државата нов почеток“, изјави Стево Пендаровски, носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 1.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Има ли некој со здрав разум во СДС?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Расипничка власт потроши три милиони евра за мобилни телефони додека народот нема за леб

(ВИДЕО) Талески: Згаснаа 62 млади животи, истрагата за Кочани се затвора без ниеден обвинет актуелен функционер

Горан Наумовски

СДСМ: Трајко Славески со платa од 3.000 евра им порачува на граѓаните да работат по три работи

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ изврши длабока партизација на сите независни институциите

(ВИДЕО) Бејта: Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ неуставно ја узурпираат и ја партизираат дипломатијата

Горан Наумовски