ДСКС отвори предмети за вработувања во изборен период

Од:

Антикорупциската комисија ќе бара дополнителни објаснувања и информации за конкурсите за вработување што ги објавиле по распишувањето на претстојните парламентарни избори Министерството за правда,  Македонска пошта, а.д. Скопје, ОУ „Страшо Пинџур“  од општина  Карбинци и Театарот за деца и младинци.

На јавна седница денеска Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ги разгледуваше приговорите против овие институции поднесени од Коалицијата предводена од СДСМ, а според кои, со објавените огласи е прекрешен член 8-а од Изборниот законик. Со тој член е пропишано дека  во изборниот период се забранува почнување постапка за вработување нови лица или престанок на работа, а почнатите постапки се ставаат во мирување, освен ако не станува збор за итни и неодложни  работи, а подносителот на приговорите смета дека е прекрешен и член 16 а од Законот за спречување корупција.

Со приговорот до Министерството за правда се бара да се стави во мирување постапката за вработување шест нотари, за што бил објавен оглас на 14 ноември, иако на 18 октомври веќе биле распишани изборите. Подносителот во приговорот, како што беше појаснето на сендицата, констатирал дека одлуката за именување на нотарите е дискрециско право на министерот за правда и оти тој може и треба да ги избере, но со оглед дека е изборен период повеќе од очекувано  е дека конкурсот би бил злоупотребуван на кандидатите да им се даваат определени ветувања. Од Министерството за правда, според заклучокот, ќе се бара информација дали е објавен конкурсот, ако е објавен до каде е постапката, како и да се произнесе за итноста и неодложноста од евентуалниот избор.

Објаснување за итноста од вработување шалтерски работник ДКСК ќе бара од подружницата на Македонска пошта ГЦПС Скопје 2 и одговор дали за тоа е обезбедена финансиска согласност од Министерството за финансии. Со дополнителни информации ќе се појаснува и оправданоста на огласите за вработување одделенски наставник по турски јазик во ОУ „Страшо Пинџур“ во Карбинци и на двајца актери во Театарот за деца и младинци. Подносителот на приговорите и во овие случаи смета дека се прекршени законските одредби од член 8 а од Изборниот законик и член 16 а од Законот за спречување корупција.

Членовите на Антикорупциската комисија го отфрлија приговорот што до нив го доставила опозициската коалиција за огласот со кој ангажирала администратор за информатичка технологија на определено време. Според заклучокот на Комисијата, станува збор за веќе оправдана и итна постапка за ангажман на лице на испразнета работна позиција. За тоа работно место биле обезбедени финансиски средства и согласност од Министерство за финансии пред  да биде донесена одлуката за распишување на изборите.

Би можело да ве интересира

Системот партизиран, Антикорупциска не сака надлежности со кои би можела да апси и води истраги

Кристијан Ландов

Стоилковски: ДКСК да отвори постапка за ухлебувањето на сопругата на Бочварски и нејзината сестра во штипската болница

Ивановска: Владата ја информира ДКСК дека ќе го раскине договорот со ТЕТО АД за државна помош