(ВИДЕО) Заев: Да не ви падне на памет да ми го плашите народот, за 4 дена, доаѓа живот!

Од:

„Барам поддршка да му покажеме на светот дека оваа земја може да оди рамо до рамо со целиот развиен западен свет, затоа што можеме да работиме достоинствено и достоинствено да сработиме, се работи за нашата Македонија.

Ветувам овде пред Куманово просечна плата од 30.000 денари, поврат на ДДВ од 15%, ветувам горди работници со работнички права, со силни синдикати, ветувам достоинствени пензионери коишто никогаш повеќе никој нема да ги лаже. Ветувам поддршка на лицата со попреченост, на самохраните мајки. Ветувам поддршка на социјално загрозените и угнетените. Ветувам поддршка на враќање на парите назад кон граѓаните.

До сите тие коишто сеуште се неопределени, до сите тие што молчат, а слушнале, а виделе, а разбрале, а разбраа сите во Македонија.

До јавната администрација која што зема плата од државата, платата не ја дава Груевски од мајка му Нада, платата ја дава од граѓаните што плаќаат даноци.

Тие што чекаат субвенции, социјална помош, што имаат дуќанче и се плашат од казни, имаат погонче и се плашат од инспекции, сакам да ги повикам јавно. Тие не се само државна администрација, приматели на субвенции, социјална помош, или незнам мали бизнисмени. Тие се и чеда на оваа земја, тие се и нечии родители, тие се и нечии браќа и сестри, тие имаат исто обврска како нас да се борат за нашата земја, за нивната земја, за нашата заедничка Македонија.

sdsm-kum-miting-2

Излезете и придружете се на овие плоштади, рамо до рамо да се избориме за слобода, за демократија, за правда, за живот во нашата Македонија.

Се бориме за демократски, фер, кредибилни и регуларни избори. Знаат дека губат, можно е да се обидат со заплашување, уценување, закани, или потплатување на гласачите. Не се борев две години џабе, нашиот народ има да има, слободно, најслободно гласање досега. Мора да има слободно изразена волја.

Секој кој се заканува, што го уплашува, што го уценува, што го поткупува народот заради глас одговара по закон од 3 до 5 години затвор.

Затоа јавно им порачувам, да не им падне на памет, да ми го плашат народот, да ми го
поткупуваат народот, да му се закануваат на нашиот народ, оти како што вика Ѓорге Иванов по 11-ти доаѓа 12-ти, а на 12-ти Груевски нема да е повеќе премиер. Заев ќе е премиер!

sdsm-kum-miting-3

Ќе се одговара со затворски казни“, изјави Зоран Заев, претседател на СДСМ и носител на каднидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 4, на синоќешниот митинг одржан во Куманово.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Има ли некој со здрав разум во СДС?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Расипничка власт потроши три милиони евра за мобилни телефони додека народот нема за леб

(ВИДЕО) Талески: Згаснаа 62 млади животи, истрагата за Кочани се затвора без ниеден обвинет актуелен функционер

Горан Наумовски

СДСМ: Трајко Славески со платa од 3.000 евра им порачува на граѓаните да работат по три работи

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ изврши длабока партизација на сите независни институциите

(ВИДЕО) Бејта: Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ неуставно ја узурпираат и ја партизираат дипломатијата

Горан Наумовски