Доколку некој го бара вистинското значење на Божик, веројатно ќе го најде во лондонски ресторан чии сопственици се муслимани.
Ресторанот „Шиш“, чија специјалност е турската кујна, за Божик нуди бесплатен оброк за старите и бездомниците, бидејќи, како што пишува на плакатот на нивниот ресторан, никој не треба да јаде сам на Божик.
Пораката која ветува бесплатна божикна вечера, првобитно била напишана рачно.
– Ние само им помагаме на луѓето. Има многумина кои Божик го минуваат дома сами… а не мора да биде така. Може да дојдат овде и да се забавуваат, изјави вработен во овој ресторан.
Оброкот вклучува супа и цацик (традиционално турско јадење со јогурт и краставица) за предјадење, пилешко или вегетаријанско грне за главно јадење и пудинг со ориз за десерт.
Судејќи според фотографиите на овој ресторан сите оние кои ќе дојдат на Божиќ ги очекува вистинска гозба.