Ирена Стефоска: ВМРО-ДПМНЕ од незнаење, инает и алчност ја запусте Македонија

Од:

„Најголемиот проблем во Македонија е иселувањето на младите. Македонија вложува во кадри од чие знаење потоа ќар имаат други држави. Во Охрид, македонскиот бисер и најголема гордост оваа катастрофа е највидлива – Охрид е рекордер по иселувањето. Зарем некој на кого му е добро би ја напуштил оваа убавина, на која сите и завидуваат?

Најдобар показател за успешноста на политичарите е тоа дали младите имаат шанса да создаваат и да работат дома. ВМРО-ДПМНЕ од незнаење, инает и алчност ја запусте Македонија. Бегаат и оние кои немаат, и оние кои имаат, зошто сакаат шанса за живот во Македонија, шанса што не ја добиваат. Младите не сакаат преку леб погача, младите сакаат нормален живот тука, во Охрид, во Македонија.

Нашата цел е да обезбедиме услови за младите тука да останат, тука да работаат и тука да придонесуваат. Затоа во нашиот План за живот во Македонија предвидовме неповратни 10 илјади евра за младите со добри бизнис идеи, како и 140 милиони евра за домашните фирми, пари кои ќе ги насочиме кон вработување, пред се на младите.

Ќе обезбедиме и ќе ги подобриме условите за квалитетно образование. Нема повеќе лоши учебници, нема повеќе наставни содржини кои поттикнуваат предрасуди.

Нема повеќе екстерно! Никогаш повеќе стресови за учениците, наставниците и родителите. Наша цел се задоволни и исполнети луѓе.

Во нашиот План за Живот има место за сите, а најважно за нас да ги задржиме младите во Македонија. Младите се нашата иднина, младите се нашата надеж, младите се нашата единствена шанса за напредок.

Затоа на 11 декември, оваа недела, гласајте за бројот 4, гласајте за живот во Македонија“, изјави проф. д-р Ирена Стефоска, кандидат за пратеник во ИЕ 5 од СДСМ и коалицијата и долгогодишен граѓански активист Охрид.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: И Мицкоски како СДСМ инсистира да се објави извешатајот за водата во Гостивар

СДСМ: Мицкоски на увид во Идризово – стручњак на вистинското место за вистинската тема

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари – што вели статистиката на Мицкоски?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение