СДСМ: Заев зборува за живот, Груевски за смрт!

Од:

„Последните закани за насилство од обвинетиот за насилство Никола Груевски само ги покажуваат неговите очај, страв и паника. Граѓаните на Македонија се пред многу јасен избор.

Заев зборува за плати, Груевски се заканува со насилство!

Заев повикува на обединување, Груевски шири омраза и поделби!

Заев се гордее со идеалите на социјдемократот Гоце Делчев, Груевски го сквернави неговото име се закани за ликвидации!

Заев зборува за план за подобар животен стандард на граѓаните, Груевски крои план за бегство од Македонија!

Заев зборува за живот, Груевски за смрт!

На 11 декември ќе се разбуди животот во Македонија.

Нарачателот и одговорниот за насилство Груевски и за овие и за сите други злосторства против граѓаните и имотот на Република Македонија ќе одговара пред судството, кое по 11 декември ќе биде независно.

Овие избори се историски. Секој треба да излезе на 11 декември и да избере повисоки плати, достоинствени работни места, институции во служба на граѓаните и правда за сите“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!