(ВИДЕО) Заев: Сигурен пласман на родот, земјата кај вистинските земјоделци!

Од:

„Денеска сме по дневна агенда во Демир Капија еден од нашите земјоделски краишта, пример за работлив народ, скромен народ, кроток народ, но овде маката е присутна како и во цела тиквешија, а впрочем и секаде каде има земјоделије.

Лозарството е најзастапената гранка којашто овој крај ја има овде. Неколку години се толку понижени земјоделците, лозарите со тоа што ги поминаа сите граници без било каква заинтересираност на центарлната власт да им помогне на нашите граѓани лозари којшто го работат лозарството.

Лозарството гради семејство во Република Македонија. Не може да останат нашите лозари буквално надвор од власта, којашто народот ја бира. Власта постои заради граѓаните и таа мора да ја заврши својата улога. Ние не бараме од политичарите да копаат, да режат, да берат во полето. Ние бараме да гарантираат пласман и да обезбедат повисоки цени.

Така да сакам да ветам на лозарите ширум цела Македонија и посебно овде во демиркапискиот крај. Пет значајни производи како што е грозјето, како што е јаболкото, како што е тутунот, дел од градинарските производи и други производи ќе бидат приоритети на интервенции на наредната влада која ќе биде составена од СДСМ.

Што значи тоа, лозарите ќе имаат задача повеќе да произведат да го зголемат својот обем, својот квалитет, обврска на државата е пласманот и цените на продажбата уште на почетокот на сезоната помеѓу март месец и мај кога почнува, букавлно и зарежувањето по лозјата. Ќе ја објавиме цената и за белото и за црвеното грозје, државата ќе си има работа со откупувачите, државата ќе преговара и ќе ги заштити лозаро произведувачите затоа што парите којшто стигаат кон нашите земјоделци се пари кон нашиот народ. Државата мора да го заштити нашиот народ заради тоа што живее од тоа, деца гледаат и егзистираат цели семејства.

Генерално, целосното редефинирање на политиката мора да биде насочено кон обезбедување на пласман. Пласманот мора да биде обезбеден преку отворањето на нови пазари. Пазарите којшто ќе ги отвориме ќе донесат дополнителна конкуренција во откупувачите од тие што го купуваат земјоделското производство да се натпреваруваат кој повеќе ќе плати, токму тој да го купи земјоделското производство.

Истовремено субвенциите се драгоцена поддршка ќе продолжиме со субвенционирање на земјоделството, субвенциите ќе бидат 160 милиони евра годишно или вкупно 640 милиони ерва за еден четиригодишен мандат.

Но ќе стигнат кај вистинските земјоделци, кај тие што го работат земјоделското земјиште, а не вакви битанги квази земјоделци како што е овде во Демир Капија. Тоа е познат, Апашот, како што го нарекува градоначалникот. Ги зема огромните плантажи под концесија, ги дава во под наем, тој ги собира сите субвенции, а земјоделците остануваат како риба на песок.

Ова мора да биде минато во Македонија. Земјоделското земјиште ќе биде распределено на вистинските земјоделци. Ќе направиме комплетна ревизија на распределбата на земјоделското земјиште. Не само тоа, ќе се одговара по закон согласно сите злоупотреби што се правеле во последните неколку години од вакви моќници, олигарси коишто буквално поклопиле цели средини или цели региони.

Субвенциите ќе стигаат навремено, тогаш кога им требаат на лозарите. Пример тоа е во март месец, кога почнуваат работите по полето. Земјоделците имаат потреба од помош или за сточарите, ќе стигнат јуни, јули, август кога е евтина храната. Да добијат поддршка да купат поевтина храна. Тогаш кога најмногу им треба поддршка и помош на самите земјоделски производители.

Ќе ја намалиме нафтата, ќе има зелена нафта за земјоделците која што е педесет проценти поевтина од страна на онаа нафта која што се троши за возилата или за домаќинствата, така да во овј обем ќе интервенираме комплетно на намалување на трошоците за земјоделско производство, а за зголемување на доходовноста кај самите земјоделци.

Знае цела Македонија, знае и Скопје, знае и Струмица, знае и Неготино, Кавадарци, и овде знае Демир Капија: Ако земјоделците имаат пари ќе живеат и градовите. Ова е нашата најважна економска гранка. Овој потенцијал кој што го има Македонија на глобална потрошувачка на храна воопшто, мораме да го искористиме. На тој начин Македонија ќе може да го зголеми својот бруто домашен производ, а да имаме среќни граѓани кои што ќе се бават со земјоделие. И граѓаните што живеат во град, без разлика дали е тоа Демир Капија, Струмица, Кавадарци, Битола да може да им биде примамливо, макар како дополнителна дејност работат земјоделие заради тоа што ќе имаат екстра приход.

Тоа е наша предност, Република Македонија мора да ја искористи“, изјави во Демир Капија, Зоран Заев, претседател на СДСМ и носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 4.
.

Би можело да ве интересира

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ секогаш биле и ќе останат политички „кукавици“

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Денешниот конгрес е нов почеток, нова борба, нова надеж дека можеме да ја вратиме партијата на победнички патеки

А1он

СДСМ денеска на конгрес ќе ги избира највисоките тела на партијата

А1он

СДСМ утре ќе го одржи 30. Конгрес на кој ќе избере ново раководство

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски