(ВИДЕО) Шекеринска: 12.000 денари месечно за семејствата без никаков приход

Од:

„Во изминатиов период ги посетивме сите села и градови, во изборната единица 5 и во цела Македонија. Секаде граѓаните бараат шанса за подобар живот тука во татковината.

500.000 граѓани низ цела Македонија живеат во сиромаштија и ова е проблем број еден кој мора да го решиме за да животот во Македонија стане подобар.

Затоа во нашиот План за живот во Македонија предвидовме посебна програма за извлекување од сиромаштија на семејствата коишто живеат во најлоши услови.

За секое четиричлено семејство коешто нема никаков приход, државата ќе обезбеди 12.000 денари финансиска поддршка.

Доколку проходот во семејството по различни основи е на пример 6.000 денари тогаш државата ќе додаде дополнителни 6.000 денари за да во секое семејство влегуваат најмалку 12.000 денари.

На тој начин ќе го подобриме нивниот живот. На тој начин ќе ја намалиме сиромаштијата во Република Македонија.

Секој е важен, и затоа битката против сиромаштијата мора да биде приоритет на државата, на институциите, на администрацијата.

На 11 декември ќе гласаме за број 4, за живот во Македонија“, изјави Радмила Шекеринска, носителка на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 5.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!