(ВИДЕО) Заев до администрацијата: Одважете се, придонесете за спас на Македонија, изберете живот!

Од:

„Една порака до јавната администрација, да не дозволите повеќе да ве лажат!

Груевски плати не ви дава од мајка му Нада. Плати дава од тоа што народот и вие плаќате даноци на оваа држава, не зависите од никого. Испраќам порака, на никого нема да му фали влакно од главата сите што имаат намера чесно да си ја извршуваат својата работа, професионално, и отчетно кон својот народ, ви ветувам влакно нема да ви фали“, рече Заев.

„Доста му се плашевте, доста треперевте, доста моравте лајкови да ставате на нивната страна, доста морате на митинзи да одите, доста ве понижуваше. Оваа земја е ваша, колку што е на сите други. Имате обврска и вие да се приклучите и да ја вратите оваа земја во нормала заедно со сите нас.

Што мислите на нас ни е лесно? Овој народ овде нема закани и уцени, нема заплашувања? Но знаат овие луѓе дека Македонија е во прашање, дека народот е во прашање.

Затоа повик до јавната администрација, уште неколку дена да ни се приклучите на ваквите протести, на ваквите митинзи, на ваквите дебати, коишто ги водиме во јавноста. Ве повикувам рамо до рамо со нас да се одважите и да се охрабрите затоа што и вие сте чеда на оваа наша Македонија, и вие имате обврска да придонесете кон спасот на Македонија, решение е пенкалото. Пенкалото на 11 декември и заокружување 4 за живот во Македонија.

Почитувани граѓани, кога веќе се е јасно вечерва исправено овде, простум стоејќи пред вас, пред охриѓани коишто ги почитувам длабоко во душата. Барам поддршка, барам поддршка за борбата, барам поддршка за одважноста, барам поддршка за храброста, барам поддршка за мојата и вашата Македонија, барам поддршка за да го вратиме животот во нашата Македонија.

sdsm-miting-ohrid-3

Ве повикувам кога веќе знаеме се, кога нема повеќе тајни, кога имаме одлична понуда за враќање на животот во Македонија, кога направивме се, се што ниедна опозиција не направила никаде во светот.

Ве повикувам да бидете одговорни граѓани на оваа наша земја да застанеме храбро и мудро да донесеме одлука. Таму на гласачкото ливче ако се вперите ќе ја најдете, и слободата, и демократијата, и правдата, и единството, и спокојот, и сплотеноста, таму ќе го најдете и животот во Македонија.

Ве повикувам да гласате за бројот 4.

Ве повикувам да гласате за живот во Македонија. Да ја зграпчиме детелинката со 4 листа, затоа што секој од вас заслужува среќа.

sdsm-miting-ohrid-2

Имаме работлив народ, имаме одлична географска поставеност, имаме наши природни богатства и ресурси, имаме наши туристички можности, имаме наши минерални суровини! Ајде да му покажеме на светот дека може во Македонија да се живее исто како во западна Европа.

Да гласаме за Живот во Македонија.

Да живее Охрид! Да живее Република Македонија и сите нејзини граѓани“, рече Зоран Заев, претседател на СДСМ и носител на каднидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 4, на синоќешниот митинг одржан во Охрид.

Би можело да ве интересира

СДСМ денеска на конгрес ќе ги избира највисоките тела на партијата

А1он

СДСМ утре ќе го одржи 30. Конгрес на кој ќе избере ново раководство

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто