Истрагата на Обединетите нации покажа дека 41 припадник на мисијата на Обединетите нации во Централноафриканската република се осомничени за сексуални напади во периодот од 2014 до 2015 година.
Шестнаесет сини шлемови од Габон и 25 од Бурунди извршиле сексуални напади во префектурата Кемо во централниот дел на земјата.
Истрагата траела четири месеци во соработка со влатите на Бурунди и Габон. Сослушани биле 139 потенцијални жртви, од кои 25 се малолетни.
Осомничените се препознати по фотографии и други материјали од 45 од жртвите. Останатите 83 жртви не биле во состојба да ги идентификуваат своите насилници.
Како резултат на силувањата се родиле и деца и осум од жртвите поднеле барање за признавање на татковството кон насилниците. Од нив шест се малолетни.