Кирацовски обвини за притисоци врз вработени во администрацијата

Од:

Дополнителниот заменик-министер за информатичко општество и администрација Александар Кирацовски денеска обвини дека на дел од вработените во РЕК Битола им било наложено наместо на работа да одат на партискиот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид.

Повикувајќи се на извештај од Трудовата инспекција, Кирацовски рече дека 439 вработени од РЕК Битола принудно биле на митингот во Охрид, а за 361 од вработените потоа им ваделе боледувања, потпишувале слободни денови и одмор.

Според Кирацовски, на митингот присуствувале и вработени од Агенцијата за привремени вработувања ЗЕТА од каде неоправдано отсуствувале една половина од вкупно 138 вработени.

– Денеска до СВР Битола, лично до началникот поднесувам пријава за истрага во РЕК Битола, заедно со извештајот од Трудовата инспекција, за конечно да се потврди кој ги принудувал вработените, недолжни, наместо на работа да бидат на партиски митинг, рече Кирацовски.

Тој додаде дека поради пријави стигнати до него ќе ги посети и Агенцијата за иселеништво на Македонија, Дирекцијата за заштита на лични податоци, Институтот за стандардизација, Домот за доенчиња Битола, Општата болница во Велес, Центарот за јавно здравје во Прилеп, Шумската полиција, Македонски Железници, ЈСП Скопје, како и повеќе основни и средни училишта.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: И Мицкоски како СДСМ инсистира да се објави извешатајот за водата во Гостивар

СДСМ: Мицкоски на увид во Идризово – стручњак на вистинското место за вистинската тема

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари – што вели статистиката на Мицкоски?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение