„Левица“ на средби со граѓаните во Прилеп

Од:

Партијата „Левица“ денеска во центарот на Прилеп имаше средби со граѓани на кои им ја претставуваше програмата на партијата и мерките кои ќе ги преземе доколку ја добие довербата на граѓаните.

Според Митко Николов, носител на листата во четвртата изборна единица, мерките на „Левица“ се насочени кон зголемување на животниот стандард на сиромашните на сметка на зголемување на даноците спрема богатите и намалување на платите на фунционерите.

– Мерките на „Левица“ се насочени кон тоа минималната плата да биде 15.000 денари, враќањето на хранарината и на превозот кои беа укинати по воведувањето на концептот бруто плата, а регресот за годишен одмор „К-15“ да се регулира со закон, рече Николов.

Наместо социјална помош „Левица“, како што посочи, ќе воведе минимален загарантиран приход од 6.000 денари за едночлено, до 13.400 денари за петчлено семејство.

– Ќе предложиме воведување прогресивни даноци, богатите ќе плаќаат поголема стапка од сиромашните кои ќе плаќаат минимално или воопшто нема да плаќаат данок, истакна тој.

„Левица“, додаде Николов, има мерка за укинување на приватните извршителски канцеларии и враќање на извршителите во судовите. – Ќе се залагаме за намалување на банкарските камати и провизии. За земјоделците ќе има загарантирани откупни цени, а ќе се зголеми цената на тутунот како стратегијска култура, рече тој.

„Левица“ пред прилепчани го претстави и канидатот на листата од Прилеп, Дамјан Божиноски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мециновиќ: Левица ќе поднесе два закони против неправдите во јавното здравство и дискриминацијата на бремените работнички

Левица: Минимална плата за голо преживување – Македонија заглавена на дното

Катерина Ѓуровски

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

(ВИДЕО) Исмаил до Љутков: Следува милионска штета по буџетот по ваша вина – кога планирате да си поднесете оставка!

Горан Наумовски

Левица: Измените на Кривичниот законик се скандалозни, Уставниот суд да реагира

Левица: Антикорупционерката Ристовска крие имот