Руските медиуми денеска се преплавени од фотографија на две малечки сиберски тигарчиња кои ги храни кучка од раста Шар Пеи.
Кучката Клеопеатра е одлична замена за мајката-тигрица која одбила да се грижи за своите малечки. Тигарчињата биле родени во зоолошката градина во рускиот приморски град Сочи и веднаш биле одбиени од нивната мајка. Но затоа кучката од расата позната по тоа што кожата на нивното тело е целата „збрчкана“ веднаш ги прифатила и почнала да ги дои и негува.
Директорката на зоолошката градина Викторија Гудлајева рекла дека кучката постојано ги чисти и ниту за момент не ги остава сами, па дури и спие со нив во исто легло. Во чест на нивната „маќеа“ тигарчињата биле крстени Клеопа и Петра.
Вработени во зоолошката процениле дека тигарчиеата иако веќе развиваат канџи и остри заби, сеуште не претставуваат опасност за кучката.
Не покажуваат агресивност, бидејќи зависат од нејзе – рекле вработените. Сибирските тигри важат за загрозен вид, бидејќи се проценува дека едвај 400-тини живеат во дивина.