Александар ван дер Белен нов претседател на Австрија

Од:

На повторениот втор круг од претседателските избори во Австрија, на кои се гласаше за Александар ван дер Белен и Норберт Хофер, победи поранешниот претседател на зелените, ван дер Белен.

Тој по преброените 80% од гласовите има недостижнапредност од 6,6 процц=енти.

Шефот на кабинетот на Норберт Хофер призна дека победник на изборите е независниот кандидат Александер ван дер Белен.

Австриската претседателска функција е церемонијална, но на ова гласање се гледаше како показател колку добро можат да поминат популистичките кандидати на претстојните избори во Европската унија. Денешното гласање беше повторено по нерегуларностите за време на мајските избори.

Поранешниот претседател на Зелената партија Ван дер Белен има јасно водство, покажаа првичните резултати, според кои тој има 53,5% од гласовите, а Хофер 46,4%. Кампањата на Хофер се базираше на антимигрантска и националистичка платформа и сугерираше дека Австрија треба да го следи примерот на Велика Британија да ја напушти Европската унија.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Пронајдено телото на двојниот убиец од Австрија по кого полицијата трагаше со денови

А1он

Пронајден е автомобилот на убиецот Роланд Дрекслер, полицијата интензивно трага по него

Австриската полиција трага по убиецот на градоначалникот на општина Кирхберг

Убиство во Австрија: Ловџија усмрти градоначалник