Во македонското кошаркарско првенство вечер ќе се одигра комплетното 4 коло. Водечкиот Работнички во дербито на колото во „Градскиот Парк“ ќе го нагости тимот на Кожув.
Гевгеличани во претходното коло со победата над Струмица ја прекинаа низата порази и најавија подобри резултати, додека Работнички со поддршка од трибините ќе се обиде да ја извојува четвртата победа и да го задржи максималниот ефект.
Двојки за 4.коло:
Вардар – Фени Индустри,
Работнички – Кожув,
Куманово – Пелистер и
Струмица – Охрид.
Табела:6 бода, Фени Индустри 6, Куманово 5, Кожув 4, Пелистер 4, Струмица 4, Охрид 4 и Вардар 3.