ЛП предлага да се намали бројот на часовите

Од:

Крајно време е да го вратиме достоинството на наставниците и професорите. Да ја тргнеме психолошката тензија од закани, санкции, страв за работното место, непотребен надзор. Треба да ги ослободиме наставниците од „административното ропство“ во кое насилно се ставени. Плодовите од тоа ослободување ќе ги осетиме сите ние а најмногу нашите најмили-децата т.е. иднината на нашата татковина, смета Либерална партија, која предлага пакет мерки што треба да ги спроведе новата власт.

„Итно укинување на програмата „Кембриџ“ во одделенска и предметна настава, укинување на интегрално оценување на наставниците од основните и средните училишта кое се врши на три години, укинување на наметнатиот правилник на интерно екстерно тестирање на наставници на крајот од секоја учебна година, укинување на барањето за пишување секојдневни дневни подготовки на наставниците бидејќи годишна програма и тематските (месечни) подготовки се сосем доволни за квалитетна настава, укинување на екстерното оценување и за предметна настава, неделниот фонд на часови (особено во одделенска настава) мора да се намали и врати на класични стандарди, враќање на бројчаното оценување на учениците од 1-3 одд. бидејќи описните извештаи се немотивирачки за учениците, се губи смислата за натпревар, за јасна оценка која дава поттик, зголемување на платите на професорите од предучилишното и основното образование, категорично НЕ за таканаречената „Академија за наставници“ и нејзините привремени лиценци, вреднување на постојниот степен на образование кај наставниците (со 7 степен) како и дополнително плаќање на наставници магистри и доктори на науки, измени во бројот на ученици во паралелките на максимум 25, промена на возраста за упис на првачиња за една година повеќе ( 6-7 години), укинување на наметнатиот правилник за домашни задачи, по кој наставниците во училиштата мораат да работат, укинуваење на еден од двата идентични дневника, зголемување на платата на наставнците кои работат со паралелки каде има деца со пречки во развојот, надополнување и прецизирање на законот за инклузија за децата со посебни образовни потреби, укинување на досиејата за ученици, остварување на можноста наставниците да одат во пензија и со работен стаж (35 год), и тн“, се дел од мерките во образованието што ги предлага ЛП.

Би можело да ве интересира

ЛП: Скандалозна одлука на Уставниот суд, со мораториумот се докажа дека се можни промени и на општинско ниво

Ана Ололовска

ЛП: Да се забрани трговија на големо и мало во недела и на празници

Ана Ололовска

ЛП: Дислокација на обложувалниците и казината надвор од насeлените места

Ана Ололовска

ЛП: Дали е спроведена истрага за промашувањето на автопатските делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид

Ана Ололовска

ЛП: Реформа во администрацијата е итно потребна

Ана Ололовска

ЛП: Со воведувањето на налепници за возилата нема да се реши проблемот со загадувањето

Ана Ололовска