Грчкиот долг повторно во фокусот на Германија и ЕУ

Од:

Германското Министерство за финансии денеска објави дека идната недела министрите за финансии на еврозоната ќе се сретнат за да разговараат за можно краткорочно ослеснување на условите под кои Грција ги исплаќа своите долгови.

– Еврогрупата очекува концепт предложен од страна на Европскиот механизам за стабилност (ЕСМ), кој што треба да да даде подобрување во начинот на кој што се менаџира грчкиот долг, изјави денеска портпаролката на германското Министерство за финансии Фредерике фон Тисенхаузен, јави дописникот на МИА од Берлин.

Според најавите од ЕСМ со новите предлози треба да се обезбеди стабилност во спроведувањето на препораките за исплаќање на грчкиот долг на долгорочен период.

Германија и Еврозоната редовно ги следат трендовите во во грчката економија кои што покажуваат знаци на заздравување, но кои што не се доволни за долгорочна стабилност при исплатата на долговите кон меѓународните доверители.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Дијана (27) загина во автомобилот со соседот и трите деца: Очевидци ги опишаа деталите за страшната сообраќајка кај Ушче

Предраг Петровиќ

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

Додик му пиша на Трамп: „Претседателе, чувајте се, ни требате да победите“

Резолуција за геноцид повторно „затропа“ на црногорската врата

Предраг Петровиќ