Тимот за транзиција на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп разгледува предлог за нови санкции против Иран кои немаат врска со нуклеарниот договор на Техеран иводечките светски сили, објави денеска весникот „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на добро упатени избори од Конгресот.
Членови на тимот на Трамп се во контакт со Републиканците кои имаат мнозинство на Конгресот и со нив разговараат за евентуални санкции против Техеран, незаивсно од нуклеарниот договор од 2015 година.
Тие санкции би можеле да се однесуваат на иранската програма на балистички ракети или човекови права, изјавија овие извори за лондонскиот весник.
Американскиот сенат синоќа одлучи за уште десет години да го породолжи законот со кој на валсите на САД им се овозможува да воведат санкции за компаниите кои соработуваат со Иран.
Сенаторите едногласно, со 99 гласови „за“ , го поддржаа предлог-законот за обновување на една деценија старите санкции, откако Претставничкиот дом тоа го направи во ноември.