„Почитувани граѓани, сакаме денеска токму од еден од најсончевите краишта на нашата Македонија, од сончево Удово, од прекрасното Валандово, од јужниот крај на нашата Македонија, да прозборуваме за енергетиката и проблемот со електричната струја која што ја има во цела наша Македонија.
Како што знаете Македонија увезува некаде струја за 40% од своите потреби и се трошат повеќе од 180 милиони евра годишно народни пари, само за увоз на струјата.
Сакам да им порачам на граѓаните дека капиталните инвестиции во иднина, согласно политиките на новата Влада ќе бидат инвестиции насочени меѓу другото и во производство на електрична енергија дома.
Овој фотоволтаик којшто го гледате позади мене ќе овозможи заштеда на трошоците на секое домаќинство до 60%. Тоа е од прилика 15.000 денари за секое семејство. Нашата намера е тие фотоволтаици да ги поставиме на крововите на нашите сограѓани, каде што директно ќе имаат корист во просек од 15.000 денари, секое едно семејство.
Супституцијата на струјата којашто ќе ја овозможат овие фотоволтаици, навистина е одлична можност за сончева Македонија да го искористи како ресурс во севкупното покачување на производството на електрична енергија во нашата Македонија, без разлика дали граѓаните имаат пари, без разлика дали ќе може да платат за вакви фотоволтаици, или имаат нула примања.
Државата ќе овозможи секој да добие фотоволтаик којшто ќе го користи пред се за своите потреби и на тој начин ќе ја намали целосно, користењето на електричната енергија за пари, односно ќе има сопствен извор на финансирање.
Директно државата ќе ги додели овие фотоволтаици на најсиромашните граѓани без да платат ниту еден денар за нив. Тоа ќе овозможи навистина и зголемување на производството на електрична енергија во Република Македонија, но и директно решавање на проблемите на граѓаните.
Убеден сум дека еден ваков проект која една Германија и многу други развиени земји го применија, даде одличен резултат е возможно уште повеќе во Македонија, затоа што знаат сите дека овде и тоа како има повеќе сончеви денови од северниот дел од европскиот континент.
Сакам да порачам за сите, дека енергетските капацитети на вистински начин ќе ги возобновиме. РЕК Битола мора да го вратиме во полн погон со конечно комплетно, добро користење на мешавината на јагленот којшто претставува потенцијал согласно она што го има површински коп и подземен коп.
Верувам дека преку организација на железничкиот транспорт и РЕК Битола, но и Осломеј во Македонија ќе бидат вратени со целосен потенцијал за производство на електрична енергија во Македонија.
ТЕЦ Неготино, истотака преку гасификацијата на Македонија ќе овозможи когереративен систем којшто истовремено ќе донесе евтин енергенс гас и ќе даде втор продукт, тоа е топлинска енергија којашто ќе може во целиот овој дел на Македонија, тиквешијата да овозможи топлинска енергија за отварање на пластеници, и други видови на производства каде што топлинската енергија се користи.
Сакам истовремено да испорачам до граѓаните дека проблемот со струјата, скапата струја завршува. Ние ќе ја вратиме евтината тарифа, таа ќе биде вратена со два часа дневно и за време на викенд, тоа е голема придобивка за граѓаните и убеден сум дека на тој начин ќе овозможиме намалување на трошоците во секое домаќинство, и ќе ги вратиме парите назад кон граѓаните“, изјави Зоран Заев, претседател на СДСМ носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 4.