Екипата на Карпош Соколи доби нов засилување во името на повремениот македонски репрезентативец Бојан Трајковски. Тој денеска потпиша договор со Карпош Соколи со важност до крајот на оваа сезона и со можност да биде продолжен.
Доаѓањето на Трајковски во редовите на Карпош Соколи значи засилување за вториот дел од сезоната во АБА лигата, како и за домашните натпреварување што екипата ќе ги игра во пролетниот дел од сезоната каде има ограничување на шест странски играчи.
Трајковски претходно беше играч на Куманово, но набрзо потоа го раскина договорот и кариерата ја продолжи во косовскиот тим Сигал Приштина, чиј лидер беше до пред извесно време, особено во настапите во БИБЛ-лигата. Но, понудата на Карпош Соколи и шансата да се проба во друштво на екипите од АБА-лигата се покажа како привлечна за Трајковски, кој речиси без поголемо размислување реши истата да ја прифати и да потпише договор со „карпошовци“.
Првиот натпревар за новиот тим тој ќе го одигра во рамките на БИБЛ лигата, кога во Скопје ќе гостува Трепча, а деби во АБА лигата ќе има следниот викенд на дуелот со Мега. Неговата нова екипа попладнево од 18 часот гостува во Задар во натпревар од АБА лигата.